Црна хроника
На 20 февруари завршни зборови за случајот Јашари
На 20-ти февруари, откако ќе заврши доказната постапка во случајот со матурантот Мухамед Али Јашари кој го загуби животот во дворот на средното градежно училиште во Скопје, одбраната и обвинителството ќе ги дадат своите завршни зборови. Во март се очекува и пресуда за овој случај.
Денешниот главен претрес беше одложен поради отсуство на оштетениот Томица Стефков кој требаше да даде исказ пред судот. За наредното судење, судијката нареди оштетениот да биде стражарно приведен за да даде исказ пред судот.
Матурантот Мухамед Али Јашари загина во април 2011 година во дворот на скопското средно градежно училиште „Здравко Цветковски“ во обид да му помогне на другарот кој се степал со тројцата обвинети.
Според обвинението, тројцата обвинети, Петар Маневски, кој е во бегство, Стефан Гелов и малолетниот Доријан Тасев дошле во дворот на училиштето и се степале со Дарко Анчев за банални причини.
Маневски го удрил Мухамед Али Јашари со камен во градите. Според Јавното обвинителство, причина за смртта е ударот од камен. Вештачењето покажало дека на смртта влијаела срцевата аномалија на Јашари. Обвинителството одлучило дека малолетникот кој го удри Јашари треба да одговара за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици, а не за убиство, како што бара семејството на загинатото момче./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Скопје, удрил во пешак
Триесет и осумгодишен велосипедист е тешко повреден откако удрил во пешак во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ж.П.(38) од Скопје, управувајќи велосипед, удрил во пешак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбен скопјанец во автобус на ЈСП
Скопјанец е ограбен во автобус на ЈСП.
Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, К.Д.(43) од Скопје пријави дека околу 07:20 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Чаир, му бил одземен мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен кавадарчанец, возел со 1,98 промил алкохол во крвта
Доцна синоќа во 03:10 часот на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, полициски службеници го уапсија П.М.(35) од Кавадарци.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.98 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.

