Црна хроника
Половина тон кокаин од Венецуела запленет во Гватемала

Голема пратка од половина тон кокаин од Венецуела е запленеа во саботата во Гватемала, објавија тамошните власти.
Дрогата била откриена во мал авион кој слетал на аеродром на еден од приватниот воздухопловни клубови во Гватемала во Рио Дулче во покраината Изабал, околу 300 километри североисточно од главниот град Гватемала Сити. Авионот, за кој се претпоставува дека е регистриран во Коста Рика, допатувал во Гватемала од Венецуела.
Информациите дека со авионот се транспортира големо количество кокаин, гватемалските власти ги добиле до властите на Колумбија и на Венецуела по што следеле неколку области. Во заедничката операција на полицијата и армијата биле уапсени двајца Гватемалци кои допатувале со авионот.
Гватемала е една од клучните пунктови на маршрутата за криумчарење на дрогите од Јужна Америка во САД. Тамошните власти сметаат дека високото ниво на криминал во земјата е поврзано директно со шверцот на дрогите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Полицијата го приведе М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во селото Ракитница, Демирхисарско .
Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претхоно денес беше приведен и М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско, по претрес во којшто беа најдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Црна хроника
Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско: уапсено едно лице

Денеска, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско.
Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот.
Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.