Црна хроника
Еден загинат и четворица повредени во уривање на дом во Италија
Едно лице за загинало а четири се сериозно повредени по уривањето на стара станбена куќа во саботата наутро во градот Матера во јужна Италија
Дури околу 23 часот ноќта пожарникарите успеале да ги расчистат урнатините од трикатната зграда и да го извлечат од под урнатини телото на загинатата 31-годишна жена, којашто дотогаш се водеше како исчезната, пренесува агенцијата Ansa.
Другите шест лица коишто во време на несреќата, околу 7.30 часот изутрината, биле во куќата, се спасени а меѓу нив е и 57-годишне инженер кого спасувачите го извлекоа од по под урнатините дури 12 часа по уривањето. Четири лица се хоспитализирани со сериозни повреди.
Обвинителството во местото Матера отвори истрага во врска со уривањето на станбената зграда во врска со кривично дело „убиство од небрежност“. Заменикот на министерот за внатрешни работи на Италија, Фелипо Бубико кој пристигна на местото на несреќата, ги повика истражните органи да ја утврдат причината за уривањето на куќата во самиот центар на градот, кој е инаку посетуван од илјадници италијански и странски туристи.
Според првичните сознанија, вознемирените станари на куќата пред трагедијата апелирале до локалните власти во врска со голема пукнатина којашто се појавила на ѕидовите на градбата. Се претпоставува дека таа се појавила како резултат на реновирањето на првиот кат од објектот, каде наскоро требало да биде отворена пицерија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.