Македонија
(Видео) Џолев: Судиите да ги забрзаат постапките за предметите што ја интересираат јавноста
Предметите на СЈО не се одлагаа поради вина на судот, туку поради странките во постапката и периодот за овластувања на специјалните јавни обвинители. Ова го изјави претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, пред новинарите и рече дека судот ги прави сите напори со постојната бројка на судии и поротници правдата да биде брза.
Џолев рече дека во судот има 24 високопрофилни случаи, од кои 22 се на СЈО. „Судиите имаа насрочено рочишта. Тоа не е по вина на судот. Обвинителите, во тоа време специјални, тие предмети бараа да се одложат поради овластувањата, рече Џолев.
„Секој судија е независен. Ние разговараме постојано. Јас барам од судиите да ги убрзаат постапките што се од интерес на јавноста. Тоа, секако, не по секоја цена“, изјави Џолев.
Тој додаде и дека проблем е тоа што на помошник-судиите Судскиот совет им дава негативни оценки зашто, наместо да постапуваат по нивните предмети, тие се помошници во други постапки. Претседателот на судот го спомна и проблемот со поротниците. Рече дека онаму каде што има поголеми предмети. се трудат и поставуваат дополнителни поротници за секој случај. Истекот на 90 дена, како што кажа Џолев, значи дека судењето формално почнува од почеток со читање на записниците од претходните одржани рочишта. Предметот „Тортура“ е еден од предметите каде што поради смена на поротничката, сите сведоци ќе мора одново да сведочат.
„А1он“ објави дека поради рази околности, половина од предметите на СЈО почнале од почеток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

