Црна хроника
Двајца загинати во сообраќајки во новогодишната ноќ
Една жена и еден маж се жртви во сообраќајни незгоди што се случиле во текот на новогодишната ноќ.
Имено, во вторник во 2.55 часот во Прилеп, на ул. „Моша Пијаде“, се случила сообраќајна незгода, при што автомобил „Дачија Логан“ со прилепски регистерски таблички, удрило во електричен столб и на лице место починала сопатничката Евелина Б.(1995).
Сопатниците Ц.Д.(1995) и А.Н., кои излетале од возилото при судирот, се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Возачот на возилото, Н.К. (1991) се здобил со телесни повреди.
На возачот му било извршено алкотестирање со апарат „Дрегер“ при што е утврдено присуство на алкохол во крвта од 0,85 промили. За натамошна анализа се земени и примероци од крв и урина.
Во 7 часот утрово во Скопје, на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16-та Македонска бригада“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко моторно возило „Рено“ со скопски регистарски таблички и автобус на ЈСП Скопје.
При незгодата поради тешките телесни повреди во Ургентниот центар Скопје бил пренесен Синиша М. којшто набргу поради здобиените повреди починал.
Полицијата работи на расчистување на причините за сообраќајната несреќа./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

