Европа
AFP: Моќта е во рацете на Берлин, а не Брисел

Дваесет и пет години по падот на Берлинскиот ѕид, моќта во Европа е сега во рацете на Германија, а не во Брисел, Париз или Лондон, оценуваат аналитичарите, пренесува AFP.
Според нив, моменталната криза во еврозоната само го зацврстува таквиот став.
„Два пати ги победивме Германицте и ете ги – повторно доаѓаат“, изјавила британската премиерка Маргарет Тачер по падот на Берлинскиот ѕид во 1989-та година, стравувајќи дека обединувањето на Германија ќе доведе до превласт на оваа држава во Европа.
Нејзиното стравување се оствари кога во 2012-та година во Атина, за време на најлошата криза во еврозоната, германската канцеларка Ангела Меркел од страна на грчкиот народ беше пречекана непријателски, со нацистички слики, сметајќи дека нејзиниот предлог за строги мерки за штедење бил директно „нареден“ од Берлин.
„Пред падот на Берлинскиот ѕид, Германија некако беше во сенка на Европа, а сега е центар на Европа, во географска, економска и политичка смисла“, изјавил директорот на Центарот за европски политички студии во Брисел, Карел Лано, додавајќи дека Германија е „јадрото и движечката сила“ на Европа.
„За време на финансиската криза, Берлин беше најважното место во Европа, а не Брисел“, изјавил Лано за AFP.
Обединета Германија стана „гигант на Европската унија“, со повеќе од 27 проценти од производството во еврозоната. Во економска смисла, Германија често е најповикуваната земја, многу повеќе од сите останати европски партнери, кога треба да се спаси некоја земја која е во огромни долгови.
Стравувајќи дека нејзините гласачи нема да бидат задоволни, канцеларката Ангела Меркел на почетокот незадоволно ги користеше парите на даночните обврзници за фонд, наменет за спасување на европската валута, а поради ова го доби и прекарот „Госпоѓата Не“.
На крајот Меркел сепак попушти и вети поддршка на Германија за воспоставување на „финансиски ѕид“ кој ќе ги штети земјите со кревка економија. Меркел истовремено го презеде водството над мала групата на земји, воглавно во северна Европа, од кои таа бараше строг фискален надзор и непопуларни мерки за штедење.
Аналитичарите истакнуваат дека во моментов силата на Германија произлегува од нејзиниот неодамнешен успех, додека на почетокот на овој век таа дури беше сметана и за „болна точка“ на Европа.
„Моќта на Берлин веројатно е само привремена“, изјавил Лано, наведувајќи ги долгорочните економски проблеми во Германија и особено падот на стапката на наталитетот.
Според него, и покрај економските слабости на Франција, „француско-германскиот пар“ повторно станал традиционалниот „мотор на Европа“, иако таквиот пар нема рамнотежа.
Додека економската криза ја засили улогата на Германија, некои ја осудуваат желбата на Берлин да ја преземе и водечката улога на меѓународната сцена.
Германија во надворешната политика се смета како доминантна сила во Европа, а Меркел неколку пати од почетокот на украинската криза разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, повеќе од кој и да е друг европски лидер.
Меѓутоа, внатре во ЕУ, Германија е критикувана поради својот „срамежлив“ став. Франција беше една од првите земји која се вклучи во борбата против екстремистите од Исламската држава во Ирак и Сирија, додека Германија својот ангажман го ограничи на обука на курдските борци.
„Германија сака да ја има водечката улога на светската цена, но на тој начин Европа е спречена да го постигне ова, бидејќи Германија е водечка сила во Европа и може да му се спротивстави на ова“, заклучил Карел Лано./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.