Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
-од 8:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од ул.Томе Стефановски и дел од ул.Шандор Петефи во нас.Драчево (опш.Кисела Вода)
-од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул.Козле, под ул.9, под ул.17 (опш.Карпош)
-од 13:30 до 15:30 часот, корисниците од ул.Вич зграда бр.2, и бр.4 и ул.Разловечко востание згради со бр.2, 4, 10 (опш.Карпош)
-од 8:30 до 10:30 часот, корисниците од дел од ул.Његошева и ул.Софиска (опш.Карпош)
-од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул.Варшавска и ул.Париска (опш.Карпош)
-од 11:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Милан Мијалковиќ и објектот на Институтот за сеизмологија (опш.Кисела Вода)
-од 08:45 до 11:30 часот, корисниците од Австриска резиденција, ул.Караорман и дел од ул.Димитар Пандилов (опш.Центар)
-од 8:05 до 14:00 часот, корисниците од ул.Тодор Чопов, дел од ул.Сава Михајлов, дел од ул.Алија Авдовиќ, ул.Константин Петковиќ, ул.16, ул.Роман Каскалиевиќ, ул.Пролетна Офанзива, ул.Трајко Китанчев, ул.Надбискуп Чекада, дел од ул.Радован Ковачевиќ, ул.Спиро Црне, ул.Неготинска, ул.Христофор Жефаровиќ, ул.Тодор Ецов во нас.Сингелиќ (опш.Гази Баба)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.