Црна хроника
Пријава за убиство во обид откако си ги прегази братот и соселанец
Скопската полиција, во консултации со надлежното Основно јавно обвинителство најави во неделата поднесување кривична пријава против 23-годишен жител на скопското село Јурумлери за сторено кривично дело „убиство во обид“ , кој мината седмица со своето возило прегази двајца соселани,
Инцидентот се случи на 70-ми декември, околу 3 часот наутро, кога лицето идентификувано со иницијалите ДМ, на регионален пат Скопје – Велес, поточно во селото Јурумлери, со својот автомобил „форд ескорт“, инаку сопственост на неговиот татко удрил во својот брат (Ј.М.) уште еден соселанец со иницијали В.Б.. Притоа од силината на ударот и двете прегазени лица се здобиле со тешки телесни повреди, а телесни повреди имал и самиот Д.М., како последица од претходна тепачка во која учествувале сите тројца, како и уште еден жител на Јурумлери и едно засега неидентификувано лица, по што сите беа префрлени во Ургентниот центар во Скопје за атамошно лекување.
Од налетот на возилото бил удрено уште едно лице, но странично и со послаб контакт од предниот лев дел на возилото во десната нога кое не се здобило со повреди, а при ударот странично паднал ово каналот покрај патот.
Според сознанијата на истрагата, претходно на денот на инцидентот околу 3 часот изутрината, сега пријавениот откако заедно со својот брат излегол од ноќниот клуб „Лалара“ за кратко влегол во тепачка во која учествувале тој, неговиот брат, а уште и другите три лица. Во тој момент, пријавениот влегол во возилото, го стартувал и со голема брзина, директно го насочил во правец на групата која ја сочинувале спомантите а кои во тој момент се тепале и со голема сила и брзина удрил во три од четирите лица, бидејќи четвртото, непознатото лице во последен момент за малку се спасило од удар.
Притоа Д.М. директно го прегазил и сопствениот брат, така што прво го удрил со возилото, по што со предните тркала преминал преку него и истиот по ударот, останал под возилото. Откако ги удрил, пријавениот излегол од возилото и погледнал под него, веднаш повторно влегол во возилото и го придвижил два метра наназад за да го тргне од телото на својот брат.
Од силината на ударот и поради тежината на повредите со кои се здобиле двајцата повредени тие и во моментов се на болничко лекување.
Истражителите извршиле изминативе денови службени разговори со пријавениот, повредените и третиот учесник во тепачката, за што се изготвени службени белешки во кои истите го појаснуваат случајот, а пријавениот потврдува дека со возилото го удрил својот брат и уште едно лице. Притоа, полицијата како доказ поседува и ЦД од надзорна камера на кое е снимена тепачката и намерниот удар во повредените./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.
Топ
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја
Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, казниво по чл. 396 ст.1 од КЗ.
Ова е прва реализирана екстрадиција на лице од Обединетите Арапски Емирати, кое нашата држава го бара со меѓународна потерница, извести МВР.
Фото: МВР
Топ
Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за администаритвни службеници, без согласност од Министерството за финансии и спротивно од Законот на буџети за вработување, без спроведени интерни огласи и согласност и потпис од Секторот за човекови ресурси, за 11 лица вработени како административни службеници во управната зграда во Клиничка болница Битола склучила анекси кон договорите за вработување со цел зголемување на коефициентите на сложеност на работните места и издала решенија за утврдување на висина на плата, односно унапредување во повисок степен без соодветно образование.
На тој начин пријавената го оштетила Буџетот на Министерството за здравство, односно Фондот за здравствено осигурување за 49.304 евра до моментот на поднесување на пријавата. На пример, лице вработено како помошник одговорен инжинер за техничко одржување на објекти, каде било предвидено средно образование електротехника или електромашинство, било унапредено лице со академско звање – доктор на науки од областа на индустриски менаџмент и платата му била пресметувана по коефициент на сложеност кој се однесувал за профил доктор на немедицински науки, сродни на дејностите на установата.

