Региони
Започна 11та велешка Пастрмајлијада
Сите патишта во Македонија во петок водат кон Велес, местото каде по единаесетти пат се одржува Фестивалот на виното и питата „Велешка пастрмајлијада“.
Вкупно 23 угостители и осум винарии се досега рекорден број на учесници на фестивалот. Организаторите очекуваат добра забава, јави порталот Лисица.
„Имаме за 50 проценти повеќе учесници од минатата година. Тоа ни дава за право да бидеме оптимисти дека ќе имаме поголем број на гости. Покрај богатата гастрономска понуда годинава имаме и многу побогат забавен дел. Оваа вечер е вечер на народната македонска музика, гостите ќе ги забавуваат естрадните уметници , Нино Величковски, Наум Петревски, Блага Петреска, Ефто Пупиновски, групите Академци и Виртус “, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.
Угостителите и винариите не го кријат оптимизот дека годинава очекуваат да ја надминат минатогодишната продажба на пити и вино.
„Очекуваме да продадеме многу повеќе пити од минатата година оти ние ја нудиме најдобрата велешка пита“, рече Александра Николова, Бир гарден Баварија.
„Секоја година ние се повеќе и повеќе ја зголемуваме за време на питијадата продажбата на вино. Се надевам дека во овие реи дена ќе ја надмине ланскат количина.Велешани го знаат нашето вино“, рече Звонко Мечалов, винарија Еленови.
Оваа култна манифестација за велешани е белег на старата македонска кујан. Само тука е задржана традицијата на подготовка на специјалитет со овча пастрма. Според пишаните документи првата пастрмајлијада е направена во далечната 1869 година. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Региони
Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево
Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.
Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.
„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.
Македонија
(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни
На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.
„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.
Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.
Македонија
Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман
При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.
„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.
Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.