Црна хроника
Скопјанец се бори за живот откако скокнал од четврти кат
Скопјанец се бори за живот откако скокнал од прозорец од стан на четврти кат во зграда на улица Трифун Пановски во скопската наслеба Карпош 3, во четвртокот околу 17.40 часот, соопшти МВР.
Дваесет и деветгодишниот Б.И. со тешки повреди е пренесен во Клиничкиот центар каде се бори за живот.
Скопјанецот во станот живеел со својата вереница. Неофицијално, пред да се фрли се скарал со својата вереница и се обидел да ја турне од прозорец, но откако не успеал, се фрлил тој. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.