Спорт
Јовиќ експресно си оди од „Бернабеу“, таму доаѓа Пјонтек?
Трансфер-трампа е во најава меѓу мадридски Реал и екипата на Милан.
Според информациите на италијанските и шпанските медиуми, се планира размена со која српскиот фудбалски репрезентативец Лука Јовиќ од „Бернабеу“ ќе се пресели на „Сан Сиро“, а полскиот голгетер Кшиштоф Пјонтек ќе замине во шпанската престолнина.

Полјакот моментно не е во идеална форма во Милан, ниту од далеку не ги прикажува игрите поради кои Милан за 35 милиони евра го доведе од Џенова.
Сопственикот на Реал, Флорентино Перез, наводно веќе ги воспоставил првите контакти и се распрашувал за Пјонтек.
Од друга страна, Јовиќ не е единствениот што се споменува за евентуална размена со Милан. Вестите од Шпанија се дека и неговиот соиграч Маријано Дијаз би можел да ги засили „росонерите“.

Пјонтек минатата сезона во црвено-црниот дрес даде дури 30 гола на 42 меча, а сезонава има само 3 погодока на 12 меча. Пред да реши да го засили Милан, Полјакот имаше отворено понуди од Јунајтед, Наполи, Борусија (Д), Челси, Рома.
Изминатите денови шпанските медиуми јавуваа дека кралскиот клуб сака во Мадрид да ги доведе Џејдон Санчо од Борусија (Д) и Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал.
Српскиот напаѓач Јовиќ, пак, отпрвин доби повреда на подготвителните мечеви за новиот клуб, а потоа имаше епизодни улоги во испревртената постава на Реал. Неодамна го постигна првиот и досега единствен гол за клубот од Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

