Македонија
(Видео) Велковски: Ги повикуваме сите пратеници да го поддржат предлог-буџетот за 2020 година
„Денеска, во процедура во Собранието влегува буџетот за 2020 година. Буџетот за 2020 година е развоен и во својот фокус го става човечкиот капитал. Продолжуваме да вложуваме во зголемување на платите и пензиите, продлжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните.
Вложувањето во човечкиот капитал е неопходно затоа што треба и мора да бидеме конкурентни со светската економија за да можеме да го одржиме економскиот раст“, изјави Диме Велковски, пратеник на СДСМ.
Според него, буџетот за 2020 година претставува инвестиција во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа, инвестиција во развој на инфраструктурата.
„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која земаше од граѓаните за лажен барок, споменици, палми и криминални тендери, ние инвестираме во она што е важно за секој граѓанин. Новиот предлог-буџет за 2020 година во здравството, образованието и социјалата предвидува инвестиција од 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година“, односно последниот буџет.
1,5 милијарда денари предвиени се за капитални инвестиции во здравството. Одвоивме 1,4 милијарда денари за капитални инвестиции во образованието, за реконструкција и изградба на училишни згради и спортски училишни сали, на студентските домови. Во 2020 година проектиравме реални капитални расходи на ниво од 23 милијарди денари. Инвестициите се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за патна и железничка инфраструктура, енергетската и комунална инфраструктура.
Паралелно со тоа, продолжува и растот на платите. Веќе во јануари 10 отсто поголема плата добиваат вработените во образованието. Од февруари лекарите специјалисти добиваат повисока плата 25 отсто, а медициснките сестри 10 отсто. Веќе од јануари пензиите растат за 700 денари, а со законското усогласување над 322.000 пензионери ќе добјат зголемување од 900 денари. Предлог-буџетот за 2020 година е насочен кон поголема социјална еднаквост и надминување на социјалните разлики. Остануваме посветени на градењето фер и еднакво општество. Апелираме на конструктивна дебата во собраниската Комисија за финансирање и буџет и повикуваме сите пратеници да дадат поддршка на предлог-буџетот за 2020 година, кој е во интерес на граѓаните, државата и економијата“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

