Спорт
Халанд и во петти меч даде гол, Салцбург може да го елиминира шампионот Ливерпул!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/11/EKaRzHLW4AIfe2C.jpg)
Неуспехот на актуелните европски шампиони Ливерпул да го совладаат Наполи дома, може да донесе до шокантно исфрлување на „црвените“ во последното коло и незгодното гостување во Австрија.
Откако Ред бул Салцбург стигна до 4:1 победа на гостувањето кај аутсајдерот Генк, австрискиот клуб, предводен од тинејџерската сензација Ерлинг Халанд (кој постигна голови во сите пет меча во ЛШ оваа сезона), има седум поени на третото место на табелата, колку што има и второпласираниот Наполи, додека Ливерпул се лидери со 10 поени.
Меѓутоа, доколку Салцбург успее да го победи Ливерпул дома, а во исто време Наполи (очекувано) го победи Генк, тоа ќе значи дека тие две екипи одат во нокаут-фазата, а Ливерпул ќе мора да се задоволи со пласман во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Швајцарска доминација во екипна комбинација во Залбах
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12815356.jpg)
Швајцарските скијачи ги освоија сите медали во екипна комбинација на Светското првенство во Залбах, Австрија.
Најбрзи беа Франц фон Алмен и Лоик Мајер.
Во новото натпреварување во екипна комбинација, едниот скијач скија во спуст, а другиот слалом, нивните резултати се собираат.
Фон Алмен и Мејар го освоија златниот медал со време од 2:42,38 минути. Сребрениот медал го освоија Алексис Мони и Тангуј Неф, кои водеа по првото возење со заостанување од 0,27 секунди.
Бронзата им припадна на Стефан Рожентан и Марк Роша со 0,43 секунди заостанување.
Швајцарците доминираат на Светското првенство во Залбах, Марк Одермат го освои златото во супер-Џи и Фон Алмен во спуст.
Спорт
Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание во младинската Лига на шампиони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/images-2.jpg)
Според моделот на младинската Лига на шампиони на УЕФА и Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе воведе натпреварување за тимови до 18 години. Натпреварувањето ЕХФ го нарече „EHF Youth Club Competition“. Во премиерното издание ќе учествува и Еурофарм Пелистер. Битолчани ќе учествуваат на турнирот во Букурешт, а противници ќе им бидат Динамо, Кјелце и Висла.
Премиерното издание ќе се игра турнирски, а завршниот турнир ќе биде во Келн.
Ќе учествуваат 16 екипи поделени во четири групи од по четири екипи. Победниците на турнирите ќе се пласираат на фајналфорот во Келн.
Турнирите ќе се одржат во Барселона, Букурешт, Веспрем и Берлин:
Турнир во Барселона: Барселона, ПСЖ, Нант, Спортинг
Турнир во Веспрем: Веспрем, Загреб, Сегед, Војводина
Турнир во Берлин: Фуксе Берлин, Магдебург, ГОГ, Савехоф
Турнир Букурешт: Динамо Букурешт, Кјелце, Висла Плоцк, Еурофарм Пелистер
Вкупно, 13 од 16. клубови кои имаат тимови во сениорската Лига на шампиони учествуваат во ова ново натпреварување до 18 години.
Алборг, Фредериција и Колштад не се дел од турнирот, а нивните места ги заземаа ГОГ, Војводина и Савехоф.
ЕХФ се надева дека новото клупско натпреварување, младинската Лига на шампиони, дополнително ќе помогне во развојот на ракометот.
Спорт
Катастрофа за Арсенал: Хаверц ја заврши сезоната
Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц, се здобил со сериозна повреда на тренинг кампот во Дубаи. Менаџерот на Арсенал Микел Артета сега има сериозен проблем, бидејќи веќе не може да смета на Букајо Сака, Габиел Мартинели и Габриел Хесус.
Новинарот на британски „Атлетик“. Дејвид Орнштајн тврди дека Каи Хаверц ја скинал тетивата.
„Атлетик“ објави дека допрва следуваат детални прегледи, дека се уште не е утврдено дали ќе биде неопходна операција, но дека сезоната 2024/25 за Хаверц е дефинитивно завршена.
Германскиот репрезентативец беше стандарден во досегашниот дел од сезоната, постигна 15 гола и забележапет асистенции на 34 настапи во сите натпреварувања.