Спорт
Ван Бастен исфрлен од ФИФА 20

Прославениот холандски фудбалер Марко Ван Бастен пред неколку дена ја шокираше јавноста со срамната шега на темата „холокауст и геноцид“. Легендата на Милан, кој работи како коментатор на холандската телевизија „Фокс Спорт“ во емисија во живо го кажал нацистичкиот поздрав „Зиг Хајл“.
Ван Бастен мислел дека од режијата го исклучиле неговиот микрофон откако завршил разговорот помеѓу новинарот на телевизијата и тренерот на Хералклес Франк Вормут. Но наци поздравот јасно се слушнал во преносот.
По инцидентото тој веднаш се извинил, но тоа не му помогна многу. Телевизијата му изрече суспензија од една недела, а неговиот хонорар е дониран во Институтот за истражување на војната, холокаустот и геноцидот.
Во текот на Втората светска војна убиени се 105.000 Евреи од Холандија. Поради тоа јавноста во земјата побара тој да добие отказ.
Откако приказната излезе во јавноста издавачот и дистрибутерот на видео-игрите „Електроник Арста (ЕА)“ го исфрли Марко Ван Бастен од играта ФИФА 20.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лапорта: Преговараме со НБА Европа

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, откри дека НБА е во напредна фаза на преговори со клубовите во врска со формирањето на нова кошаркарска лига во Европа, како и дека постојат неколку начини за спроведување на овој проект.
„НБА сака да го воспостави своето присуство во Европа, а доколку тоа се случи, прашањето за арените и „Палау Блауграна“ мора да се разгледа многу сериозно“, рече Лапорта, алудирајќи на моменталните планови за новиот дом на кошаркарската секција на Барселона.
Тој исто така спомена дека нацрт-проектот за новата сала се очекува во вториот квартал од следната година.
„Нема да ја делиме сопственоста на новата арена со никого. Мораме да ја земеме предвид можноста за промена на натпреварувањето. Новата арена ќе ги исполнува барањата на НБА – за секој случај“, изјави Лапорта за „Мундо Депортиво“, додавајќи:
„Разговорите се во напредна фаза. Не можам да ја откријам конечната структура; има неколку опции. Постои договор со Евролигата. Знам дека НБА разговара и со Евролигата и со ФИБА. Ги слушаме што ни кажуваат.“
Долгогодишните планови за потенцијално проширување на НБА во Европа се интензивираа во последните месеци преку преговори меѓу клучните играчи, иако сè уште нема конкретни детали за тимовите што би учествувале или форматот на натпреварувањето.
Според најновите проекции на комесарот на НБА, Адам Силвер, НБА Европа би можела да биде лансирана за две до три години.
Спорт
Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?

Нејмар (33) би можел да се врати во европскиот фудбал. Сериозен интерес за него покажува Олимпик Марсеј, пишуваат неколку извори. Бразилскиот напаѓач, кој моментално игра за Сантос, наводно размислува за враќање во Европа за да може да влезе во вистинска форма и да му се наметне на селекторот Карло Анчелоти во пресрет на Светско првенство.
Францускиот клуб веќе започна преговори. Челниците на клубот се свесни дека преговорите нема да бидат лесни, но веруваат дека желбата на Нејмар да се врати во познатата лига би можела да преовлада.
Бразилецот позитивно гледа на приклучувањето кон амбициозен проект во кој би можел да игра клучна улога. Раководството на Марсеј се подготвени да преземат финансиски и спортски напори за да ја убедат јужноамериканската ѕвезда и да го формализираат неговото доаѓање што е можно поскоро, се нагласува во текстовите за можниот трансфер.
Нејмар играше во Франција од 2017 до 2023 година по трансфер вреден 222 милиони евра од Барселона во Пари Сен Жермен. Тој ја освои Лига 1 пет пати и еднаш играше во финалето на Лигата на шампионите. Вкупно, тој постигна 118 голови и имаше 79 асистенции за ПСЖ во 173 одиграни натпревари.
Марсеј е најголемиот ривал на ПСЖ во францускиот фудбал. Ова се двата француски клуба со најмногу трофеи и единствените два со освоена титула во Лигата на шампионите.
Нејмар е под договор со Сантос до крајот на годината.
Спорт
Миротиќ две години во Монако

Кошаркарскиот клуб Монако го потврди трансферот на Никола Миротиќ. Црногорецот со шпански пасош со клубот од малото кнежество потпиша две годишен договор.
Миротиќ играше претходните две сезони за Олимпија Милано, во која пристигна од Барселона.
Претходно, тој имаше просек од 17,7 поени со 6,4 скока, две асистенции и една украдена топка по натпревар во ЕЛ.
„Монако е клуб кој е на врвот на Евролигата во последните години и има потенцијал да расте уште повеќе. Сакав нов предизвик, сè уште имам капацитет и затоа решив да дојдам тука“, рече Миротиќ.
Миротиќ беше MВП на Евролигата во сезоната 2021/2022, а има 34 години.
Ја започна својата кариера во Реал Мадрид (2008-2014), а помина неколку години во НБА играјќи за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.
Претходната сезона, Монако го водеше Василис Спанулис како тренер, откако завршија четврти во регуларната сезона (21-13), стигнаа до завршниот турнир во Евролигата, каде што беа поразени од турскиот Фенербахче.
Пред Миротиќ, клубот ги нагажира центрите Јоан Макунду и Кевариус Хејс, а сите клучни играчи останаа од тимот од минатата сезона, вклучувајќи ги Мајк Џејмс, Ели Окобо, Даниел Теис, Алфа Диало, Џордан Лојд…