Спорт
Солскјер не се плаши од отказ
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, вели дека не е дополнително загрижен за својата работна позиција по неодамнешните откази на менаџери во Премиер лигата.
Минатиот месец Тотенхем го отпушти Покетино, а потоа Арсенал му даде отказ на Емери. И Вотфорд се реши на ист чекор. Отказ доби Кики Санчез Флорес.
Манчестер јунајтед е на деветтата позиција во Премиер лигата со 18 бода на 14 натпревари, што е најлош почеток на клубот во изминатите 31 година.
„Само се концентрирам на мојата работа. Таа е во најдобар ред и му се радувам на наредниот меч, но гледам и долгорочно, правам планови со управата“, изјави Норвежанецот за Би-би-си.
Британските медиуми минатиот декември шпекулираа дека Покетино тогаш ќе го замени Мурињо на клупата на „црвените ѓаволи“, но до тоа не дојде.
Покетино моментно е во Аргентина и вели дека е подготвен да ги сослуша понудите од сите клубови пред да се варти во Европа.
„Ова е тоа време во годината. Никогаш не е убаво да се види кога колегите добиваат откази, сега тоа им се случи за краток период. Не сум дополнително загрижен поради тоа. Според мојот вкус, имаме премногу нерешени дуели, исто така и порази, но ремијата требаше да ги претвориме во победи. Фудбалот е работа поврзана за резултати, не сме задоволни и знаеме дека требаше да сме подобри“ вели Солскјер.
Манчестер јунајтед утре ќе го пречека Тотенхем, а в сабота го игра градското дерби против Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ако вечерва не победи, Чаби АЛонсо ќе добие отказ
Чаби Алонсо е на „тенок мраз“ во Реал Мадрид, а гласините за негова замена стануваат сè погласни.
Извори блиски до клубот, тврдат дека Флорентино Перез донел одлука дека во случај на лош резултат против Алавес на гостински терен, Чаби Алонсо повеќе нема да седи на клупата, туку ќе биде заменет од Алваро Арбелоа.
Тренерот на Реал Кастиља, вториот тим на Мадрид, е единственото логично решение во овој момент, ако се земе предвид дека другите великани кои се слободни – Зинедин Зидан и Јирген Клоп, се недостапни, односно не сакаат да го наследат Чаби Алонсо.
Алваро Арбелоа е војник на клубот, тој беше долгогодишен член на првиот тим од 2009 до 2016 година, а неговата тренерска работа во вториот тим е исклучително ценета.
Арбелоа беше споменат претходно како потенцијално преодно решение, односно дека ќе добие шанса да ја заврши сезоната напред, а потоа на лето, во завосност од резултатите би се разговарало за неговата иднина.
Да ве потсетиме, по поразот од Манчестер Сити, играчите на Реал Мадрид јавно признаа дека се со Чаби Алонсо, ја презедоа одговорноста за лошите резултати и лошата игра, а факт е дека ќе мора да го остават егото настрана и да се прилагодат на тактичките замисли на тренерот.
Многу извори пишуваат дека новиот тренер нема да направи ништо освен ако не се промени ставот на играчите и ако не се стават во служба на тимот, почнувајќи од вечерва во Виторија.
Натпреварот помеѓу Алавес и Реал Мадрид е закажан за недела во 21:00 часот.
Спорт
Аврамовиќ повторно се повреди
Алекса Аврамовиќ заработи нова повреда која ќе го остави надвор од терените до два месеци.
Според информациите добиени од рускиот „Око спорт“, Алекса Аврамовиќ, скршил ребро, додека другото беше напукнато. Закрепнувањето од таква повреда обично трае помеѓу шест и осум недели, што практично значи дека Србинот може да се врати на теренот дури кон крајот на јануари.
Сепак, конечниот датум на враќање ќе зависи од тоа колку брзо ќе успее да се врати во целосна натпреварувачка форма откако ќе заздрави фрактурата. Во идеално сценарио, Аврамовиќ би можел да биде подготвен за дуелот од Евролигата против Црвена Звезда, закажан за 30 јануари.
Од друга страна, не е исклучено да го пропушти регионалното дерби против Партизан во АБА лигата, кое е закажано за 9 февруари.
Аврамовиќ се врати на Евролигашката сцена во текот на летото по една сезона помината во ЦСКА Москва, но честите здравствени проблеми значително го забавија. Поради повреди, досега одигра само четири натпревари во Евролигата, каде што забележа просек од 11,5 поени, 1,8 скока и три асистенции по натпревар.
Тимот предводен од Јурица Големац моментално ја зазема 12-тата позиција на табелата во Евролигата со резултат од 7-8, а во последното коло забележа драматична победа против Баерн со резултат од 89:88. Во следната двојна рунда, тимот од Блискиот Исток ќе се соочи со дуели со Макаби и Ефес.
Спорт
(Видео) Сан Антонио ја елиминираа Оклахома, во финалето ќе играат против Њујорк
Кошаркарите на Сан Антонио направија едно од најголемите изненадувања во сезоната досега и ја победија Оклахома во Лас Вегас, со што ја прекинаа импресивната серија на Тандер од 16 последователни победи.
Ова беше втор пораз на актуелниот шампион на НБА оваа сезона, но исто така беше победа што им отвори врата на Спарс кон финалето на НБА Купот, каде што ќе се борат за трофејот против Њујорк Никс.
Дуелот заврши со минимална разлика, 111:109, иако почетокот не навестуваше таков исход.
Оклахома сега се на скор од 24-2, што е втор најдобар почеток на сезоната во историјата на НБА. Рекордот остана оној од сезоната 2015/16 кога Голден Стејт Вориорс имаа скор од 25-1.
Девин Васел постигна 23 поени, додека Де’Арон Фокс и Стефом Касл додадоа по 22. Белсна и Виктор Вембањама со 22 поени и девет скока за само 21 минута на паркетот.
Од другата страна, Шеј Гилџис-Александер ја предводеше Оклахома со 29 поени, додека Чет Холмгрен и Џален Вилијамс постигнаа по 17.
Второто полуфинале, им припадна на Њујорк Никс. Тие славеа во дуелот со Орландо 132:120.
Клучна фигура на натпреварот беше Џејлен Бренсон, кој одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната и постигна дури 40 поени. Имаше одлична поддршка кај Карл-Ентони Таунс со 29 поени, како и кај О.Џи. Ануноби, кој постигна 24. Кај Орландо се истакнаа Џејлен Сагс со 26 и Паоло Банкеро со 25 поени, но тоа не беше доволно за да се загрози местото на Никсите во финалето.

