Спорт
Конте прави белгиски тандем во шпицот на нападот на Интер
Белгиските медиуми пишуваат дека напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, би можел да биде новото засилување за нападот на милански Интер. На тој начин тренерот на „неаѕурите“, Антонио Конте, би добил белгиски тандем во нападот, Лукаку – Мертенс. Информациите се дека Конте има високо мислење за Мертенс и дека тој уште додека беше менаџер на Челси се обидувал Белгиецот да го доведе кај „сините“.
Договорот на Белгиецот со клубот од Неапол истекува во јуни в година, а речиси и да не постојат шанси тој да биде продолжен. Конте во Мертенс гледа и опција доколку се обистини најавата дека Аргентинецот Лаутаро Мартинез би можел набргу да го напишти „Џузепе Меаца“ и да се пресели во Каталонија, во редовите на Барселона.

Познато е дека во Наполи владее тотален хаос, а можно е некои од фудбалерите да поднесат и приватни тужби против клубот. Газдата Де Лаурентис планира да повлече радикален потег во кој сите што го креваат гласот, ќе бидат продадени, некои веќе во јануари. Тоа, пред сè, се однесува на Калјехон и Мертенс, чии договори истекуваат налето, па вака клубот на нив ќе успее да заработи.
Мертенс досега има повици од Белгија, од МЛС-лигата, од Кина и од Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

