Регион
Американците сакале да го стават Добрица Ќосиќ на чело на Југославија по Тито
Првиот претседател на Сојузна Република Југославија и книжевник Добрица Ќосиќ, бил изборот на Американците и Русите, за наследник на Тито по неговата смрт во бурното време за Европа кое доведе и до пад на Берлинскиот ѕид.
Првиот претседател на Сојузна Република Југославија и книжевник Добрица Ќосиќ, бил изборот на Американците и Русите, за наследник на Тито по неговата смрт во бурното време за Европа кое доведе и до пад на Берлинскиот ѕид.
„Двесетина дена по смртта на Тито ме повика мојот издавач од Америка итно да отпатувам за Лондон. Заедно со својата ќерка која одлично зборува англиски отидовме во британската престолнина. Отидов во најнормален хотел и се јавив на издавачот кој не повика на ручек“, вели Ќосиќ, што се дознава од тајни документи на ЦИА, кои протекоа во јавноста.Издавачот, Вилијам Јовановиќ, кој тогаш го издалав „Време на смртта“, на српски и на англиски јазик, ги повел на прошетка по Лондон, низ улиците во најголемиот шпиц, пренесува Телеграф.„Веднаш да ви биде јасно, јас сум претставник на ЦИА, и ви пренесувам порака од Андропов и американската влада. Американската и советската влада сакаат да најдат заменик за Тито. Имаше двајца кандидати, Милован Џилас и вие. Заклучија дека вие сте помлад и попопуларен. Нашата служба, американската и советската сметаат дека треба да се работи на тоа вие да го замените Тито и да ја преземете власта во Југославија“, му рекол Јовановиќ на Ќосиќ, кого овие зборови го изненадиле.„Ја одбив понудата на Тито, ја одбивам и вашата затоа што ги немам потребните способности. Како може да ви падне на памет еден писател, потполно неквалификуван, да може да го замени Тито. Како, воопшто, може да се замени Тито“, прашал Ќосиќ.Уште пофасцинантно е што му одговорил Јовановиќ.„Нема вие што да работите. Тоа се ќе работат службите. Вие само треба да се согласите и да се однесувате според приликите како што ние ќе процениме. Ќе работиме и на тоа да ја добиете Нобеловата награда за книжевност“, му рекол Јовановиќ./крај/ј/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.