Спорт
Солскјер: Рашфорд може да го достигне Роналдо!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер денеска рече дека напаѓачот на „црвените ѓаволи“, Маркус Рашфорд има потенцијал да стигне до нивото на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, но за тоа е неопходно да продолжи напорно да работи.
„Многу лесно можам да ги споредам нив двајца , по вештината, ставовите, атрибутите. Рашфорд има голема шанса да стане врвен играч, се надевам дека ќе продолжи во ист правец“ – рече Солскјер.
Клубот од „Олд Трафорд“ во 16 коло од Премиерлигата забележа голема победа во градското дерби, на теренот на Сити со 2-1, а стрелец на првиот гол беше токму Рашфорд. Тој беше стрелец и во победата против Челси, но после тоа забележа само еден погодок во следните 7 меча. Сепак Норвежанецот истакнува дека тоа не е причина за грижа.
„Не сакам да зборувам за бројот на голови, се додека е тој фокусиран и додека прави шанси на натпреварите, ќе постигнува и голови“ – заглучи менаџерот на Јунајтед.
„Ѓаволите“ моментно се на петтата позиција на табелата во Премиерлигата со 24 бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Њукасл го потпишаа Џејкоб Ремзи

24-годишниот играч од средниот ред, Џејкоб Ремзи, е нов член на Њукасл јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор, објави англиската Премиер лига во неделата.
Ремзи им се придружи на „страчките“ од Астон Вила и стана четвртото засилување на Њукасл ова лето.
Клубот не ги објави финансиските детали за овој трансфер, но англиските медиуми објавија дека е договорена компензација од 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра).
„Ова е голем потег за мене, но штом дознав дека тренерот е заинтересиран и дека навистина му се допаѓам, не ми требаше долго време да донесам одлука“, изјави Ремзи за официјалната веб-страница на Њукасл јунајтед (newcastleunited.com).
Поранешниот англиски репрезентативец до 21 година кариерата ја започна во младинската школа на Астон Вила и одигра 167 натпревари за сениорскиот тим, постигнува 17 гола и забележа 19 асистенции.
Во својот нов клуб, Ремзи ќе го носи бројот 41, кој го имаше во Астон Вила, а би можел да дебитира во понеделник, 25 август, кога ќе игра на „Сент Џејмс Парк“, кога Њукасл ќе го пречека актуелниот шампион Ливерпул.
Foto/ newcastleunited.com
Спорт
(Видео) Нико Вилијамс со гол и две асистенции и пресуди на Севилја

Атлетик Билбао, во возбудлив натпревар, ја победи Севилја со 3:2. На отворањето на сезоната во Ла Лига, блескаше Нико Вилијамс со гол и две асистенции. Севилја се врати во мечот по водствто на Атлетик од 2:0, но не издржа. Дебитантот во дресот на баскискиот тим, Наваро погоди за победа.
Нико Вилијамс, кој во последен момент реши да остане во Билбао, кога ја одби понудата од Барселона, во 36.минута избори пенал и го претвори во гол. Овој играч, седум минути подоцна му асистираше на Санади кој погоди за 2:0.
Домашниот тим имаше шанси да го реши мечот во првите 10 минути од вториот дел, а кога не успеа казната стигна преку Лукебакио, кој испрати вистинска бомба од дистанца и намали на 2:1.
Во 72.минута, Севилја постигна уште еден гол од далечина. Резултатот го изедначи Агуме.
Го имаа гостите посакуваниот резултат се до 81.минута, кога по додавањето на Нико Вилијамс, конечниот резултат го постави Наваро.
Foto/ EPA/Miguel Tona
Спорт
Македонските одбојкари се пласираа на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија, како една од петте второпласирани селекции избори пласман на Европското првенство наредната година. Во последното коло, Македонија ја победи Грусија со 3:0 (25:13, 25:16, 25:17).
Македонија мораше да ја победи Грузија во три сета и да не загуби повеќе од 68 поени. Поради тоа македонските одбојкари максимално сериозно му пристапија на натпреварот. Експресно го добија првиот сет, во ист ритам продолжија и во вториот.
Мало опуптање следеше во третиот сет кога Грузија водеше 9:11, но тогаш се појави Ѓеорѓиев со серија добри сервиси, Македонија се одлепи на 18:12 и рутински го заклучи сетот.
Македонија во 2026 година четврти пат во историјата ќе учествува на Европско првенство.
Foto/ facebook.com/volleyballmkd