Македонија
Во Влае поделени 500 канти за селекција на отпадот
Град Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ и Општина Карпош почнаа пилот-проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, со кој ќе бидат опфатени 500 индивидуални домаќинства од населбата Влае. Овие домаќинства ќе го селектираат својот комунален отпад на сува и влажна фракција.
„Денеска, почнуваме нов пилот-проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата. За таа цел, во општината Карпош, во населбата Влае, на домаќинствата им се поделени 500 канти за селекција на отпадот, што ќе овозможи да го одвојат сувиот од влажниот отпад со цел во текот на наредната година, во рамките на системот на ЈП ‘Комунална хигиена’, да почнеме со компостирање на комуналниот отпад. Затоа, апелирам до жителите на Влае одговорно да го одлагаат отпадот зашто успешноста на овој проект во голема мера ќе влијае на имплементацијата на овој концепт во целиот град“, рече градоначалникот Шилегов.
Тој упати благодарност до УСАИД, од каде што обезбедија експертиза за спроведувањето на овој проект од областа на преработувањето на биоразградливиот отпад.
Град Скопје годинава претстави целосно нов концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини, при што набавени се 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри. Во соработка со „Пакомак“ беа обезбедени и 30 контејнери за селектирање отпад од 2.200 литри. Градот набави и 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери, 12 електрични машини за вакуумско чистење и 10 електрични возила за чистење и миење на јавните површини. Беа обезбедени и 950 канти за џебен отпад, што претставува зголемување за една половина од досегашните 1.750 канти.
„Град Скопје сериозно инвестира и во комуналната инфраструктура и во човечките ресурси за одржување на хигиената, а засилен е и инспекцискиот надзор, што значи и повеќе репресивни мерки. Нашата цел е овој град да биде и поубав и почист, онаков каков што сакаме да биде како негови граѓани“, нагласи Шилегов.
На денешната презентација на пилот-проектот за селектирање на отпадот во Влае присуствуваа и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, и независниот консултант и експерт од областа на преработувањето биоразградлив отпад од САД, Џеф Гејџ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски се фотографираше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев
Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме Груев, еден од клучните идеолози на борбата за слободна Македонија.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес присуствуваше на одбележувањето посветено на ликот и делото на Даме Груев, кој на 23 декември 1906 година загина во борба со османлиските сили на планината Петлец, во близина на Русиново.
Во рамки на настанот, на селските гробишта беше одржана панихида, по што Мицкоски и останатите присутни положија цвеќе пред спомен-обележјето на револуционерот.
Одбележувањето продолжи со традиционален марш кон месноста Петлец, местото каде што Груев го положи својот живот за идејата за слободна и независна Македонија.
Настанот се реализираше во организација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Берово, со присуство на бројни граѓани, партиски претставници и почитувачи на македонската револуционерна историја.
Македонија
Ја претепал вонбрачната партнерка со трпезариска столица, па ја силувал откако тешко ја повредил
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 56-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот, на 18 декември попладне, во заедничкиот дом на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка.
-Ја удирал по телото, лицето и главата, па дури зел трпезариска столица и ја удрил и со неа. Потоа ја тргал и ја носел во правец кон терасата, заканувајќи и се дека ќе ја фрли. Од ударите жената се здобила со телесни повреди. И наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија, стои во соопштението на ЈОРСМ.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Оттаму додаваат дека притоа особено се ценела опасноста од бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши дела на семејно насилство кон жената со која живеат во ист дом.
Македонија
Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас
Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас.
Откако неодамна Перо Камиказа откри дека тој ја бие животната битка, сега, неговиот син Бане Костиќ, откри дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.
„Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел.
Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов, за грижата, посветеноста и хуманоста. Нека му е вечна слава и спомен. Патувај мирно Диско Селекторе“, напиша тој на Фејсбук.

