Домашен
Благоја Милевски промовиран во селектор на младата репрезентација
Благоја Милевски во просториите на Фудбалската федерација на Македонија во четвртокот официјално беше назначен на функцијата селектор на фудбалската репрезентација до 21 година.
Поранешниот тренер на Вардар на промоцијата истакна дека посакува да има повеќе успех од своите претходници и дека на сите играчи ќе им стави до знаење дека играњето на националниот тим е светост. Милевски на селекторската функција ќе дебитира на 13-ти октомври кога младата репрезентација на Македонија ќе одигра контролен натпревар со врсниците од Романија. „За мечот со Романија за тимот ќе конкурираат во најголем дел играчите кои беа во составот за двата последни натпревара од претходниот квалификациски циклус против Израел. Немаме многу време за селектирање нови играчи, па поради тоа се одлучив да настапиме со речиси истите играчи кои играа на последните два натпревара. Имаме доволно време до почеток на наредните квалификации, кои ќе започнат наредната есен. Ќе имаме доволно време да селектираме и нови играчи. Се надевам дека ќе створиме компактен тим со победнички менталитет и дека ќе имаме успешни квалификации“, рече Милевски.Селекторот дополни дека во репрезентацијата до 21 година ќе играат само оние кои се стандардни во своите тимови, а воедно најави дека не се откажува од услугите на Давид Бабунски, кој неодамна изјави дека доколку биде повикан ќе игра само за А репрезентацијата на Македонија.„Не се откажувам од ниту еден играч, па нема да се откажам ниту од еден фудбалер со таков талент и потенцијал. Мора да разберат сите кои ќе бидат повикани дека репрезентацијата е светост, како за нас, така и за играчите. Нема да прифатам лични интереси да се ставаат пред интересите на репрезентацијата. Ќе повторам тој (Давид Бабунски) од моја страна ќе биде повикан, имам намера и лично да разговарам со него. Се надевам дека ќе ја прифати поканата да игра за младата репрезентација, секако доколку селекторот на А репрезентацијата не смета на него“, рече Милевски./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.