Македонија
Кирацовски ја одложи амандманската расправа за една изборна единица

Амандманската расправа по предложените законски решенија за една изборна едница и отворени листи не започна затоа што не биле обезбедени административни услови, односно амандманите не се преведени и објавени во електронскиот систем, информираше претседателот на Комисијата за политички систем, Александар Кирацовски.
Тој додаде дека од службите добил информација оти до крајот на идната недела ќе биде отстранета оваа пречка за да ја закаже комисијата и да почне претресот по амандманите.
„Од 5.899 амандмани колку што се поднесени за двата законa, 3.734 не се обработени. Веднаш ги известив службите на Собранието кои ни дадоа гаранција дека до следната недела амандманите ќе бидат обработени“, рече Кирацовски.
Од прес-центарот на Собранието тој најави и дека по однос на двата закoна на 25 декември ќе има јавна расправа и упати повик до сите заинтересирани за оваа област, но и до предлагачите на амандманите да бидат дел од конструктивна дебата.
„Се надевам дека на оваа јавна расправа ќе дојдат и пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе имаме конструктивна дебата и можност самите да се уверат од потребата за носење на овие законски решенија. Постои простор низ разговор да проработи свеста кај нив и да ги повлечат амандманите“, додаде Кирацовски.
На прашањето дали ќе има доволно време да се заврши амандмантската расправа и да се донесат законите, Кирацовски рече дека негова обврска било да ја закаже комисијата, повторувајќи дека подоносителите на амандманите до идната недела можеби ќе ги повлечат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поништена јавната набавка за 120 електрични eко автобуси

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.
Оттука информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда.
„По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик“, се наведува.
Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија, во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија, посочувајќи дека нашата држава покажува ефикасно справување.
Вчера во Македонија беа регистрирани 20 пожари на отворен простор, од кои десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати. За разлика од останатите држави во регионот, заклучува партијата, кај нас нема евакуирани и раселени лица, ниту човечки жртви, а причинетата штета е ограничена само на шумски површини.
„Ова не е резултат на среќа, туку на брза, организирана и професионална интервенција на сите надлежни служби“ се наведува во соопштението на партијата.
Во Турција, над 3.500 граѓани се евакуирани, а загинаа 17 лица, од кои дури 13 пожарникари. Огнот зафати и градски области, предизвикувајќи уништување на куќи и инфраструктура.
Во Албанија, каде што активни се 45 пожари, евакуирани се над 2.000 луѓе, изгореа над 20 куќи, а целосно се испразнети села. Огнените стихии во Грција зафатија станбени квартови и предизвикаа огромни штети, додека илјадници граѓани беа евакуирани. Апокалиптични сцени има и во Бугарија, каде што се регистрирани над 240 активни пожари и е причинета значителна материјална штета.
Македонија
Променливо облачно време повремено со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во претпладневните часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.