Uncategorized
(Видео) Заев: Aмериканската компанија „Дура“ ќе изгради уште две фабрики и ќе вработи 1 000 лица
Како круна на нашите успешни економски политики, имаме да ви соопштиме една исклучително добра вест – една од најмоќните компании во автомобилската индустрија, компанијата „Дура Аутомотив Системс“ донесе одлука да започне две нови инвестиции во нашата земја, и со тоа само оваа компанија, која веќе има една фабрика во ТИРЗ 2 Бунарџик, во нашата земја ќе има вкупно три модерни капацитети во кои со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за најголемите светски автомобилски компании, соопшти премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата на која говореа и заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Александар Младеновски.
„Дура Аутомотив Системс“ е една од водечките светски компании од автомобилскиот сектор со искуство од преку 100 години и ги опслужува најголемите производители на автомобили на северно американскиот, азискиот и европскиот пазар. Седиштето на компанијата е во Мичиген, во САД и има 9.400 вработени во 33 фабрики и 12 инженерски центри во 12 земји во светот.
„Вкупниот обрт на DURA во 2019 година изнесуваше 1,4 милијарди долари, а Северна Македонија е тринаесеттата земја во која компанијата гради дури три фабрики. Вториот инвестициски проект во нашата земја ќе го реализира ДУРА Аутомотив Стракчрс. Фабриката во ТИРЗ Скопје 2 ќе произведува нов тип на алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе произведува компоненти за премиум класата на производители на автомобили.Петгодишниот инвестициски циклус (2019-2023) е проценет на повеќе од 48 милиони евра и ќе отвори 780 работни места“, истакна премиерот Заев.
Тој информираше дека третата фабрика ДУРА Аутомотив Екстружнс ќе произведува алуминиумски ултра лесни профили за батериските системи на DURA за електрични возила. Инвестицискиот циклус (2019-2023) е проценет на повеќе од 20 милиони евра и ќе отвори 200 работни места.
„Заедно со првата фабрика, која како што реков, веќе го започна првото пробно производство во фабриката во зоната Бунарџик, трите фабрики на ДУРА Аутомотив Системс ќе вработуваат околу 1000 наши сограѓани. Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи и ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високо-технолошки процеси. Едноставно, ќе станат дел од глобалниот свет на ДУРА Аутомотив Системс“, нагласи премиерот Заев.
Заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев, се задржа на одржувањето на трендот на привлекување на странски инвестиции од високо-технолошките индустрии што ја ориентира земјата да биде препознавана како дестинација која обезбедува услови за инвестиции кои се конкурентни на светскиот пазар, а за работната сила обезбедува работни места со високи плати.
„Дура е компанија којашто е во портфолиото на Патријарх Партнерс којшто комбинирано имаат над 8 милијарди долари промет на годишно ниво. На состанокот со менаџментот ги убедивме да ја посетат Република Северна Македонија и по нивното доаѓање ја сменија одлуката, наместо во Чешка овие две фабрики ќе се градат во нашата држава. Овие две фабрики е уште поважно што се од високо технолошкиот развој и свет на индустријата. Станува збор за фабрики кои се капитално интензивни, а не трудоинтензивни. Точно такви какви што нас ни требаат, за да нашите млади инжeнери, стручни луѓе и стручни кадри ги задржиме во државата. Бидејќи тоа не можеме да го направиме со ниски плати, ќе го направиме со повисоки плати, точно такви, какви што овие капитално интензивни инвестиции можат да понудат на вработените“, посочи Анѓушев.
Вицепремиерот Анѓушев, ја објави и одлуката на канадската компанија Магна да инвестира во нашата земја, а вкупните инвестиции во овие три фабрики, двете на Дура и онаа на Магна би требало да надминат 100 милиони евра и да отворат околу 2000 работни места. Дополнително вицепремиерот најави огромна инвестиција и изградба на две фотоволтаични електрани со инсталирана моќност од по 50 мегавати, кои ќе се градат над рудникот Осломеј. Со тоа овој енергетски комбинат, кој моментално е енергетски споменик, ќе биде вистински пример на енергетска транзиција, односно премин од загадувачко производство на електрична енергија кон еколошки, обновливи извори на енергија.
Директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Александар Младеновски истакна дека одлуката на двете нови инвестиции на ДУРА Аутомотив Системс од САД е донесена откако претходно компанијата за дестинација на двете нови фабрики избрала друга земја, членка на ЕУ, но сепак решила своите нови капацитети во Европа да ги отвори во Северна Македонија со што се потврдија компаративните предности на нашата земја за привлекување на странските инвестиции.
За две и пол години, оваа влада договори 24 нови странски инвестиции во нашата земја. Ако сега вкупно имаме само во индустриските зони 34 компании, разликата во полза на оваа Влада за активностите на овој план е сосема очигледна. Во досегашниот мандат на оваа влада 12 фабрики се веќе пуштени во работа. Тоа се речиси двојно поголеми резултати во споредба со истите периоди во од 2013 до 2015, и од 2015 до јуни 2017.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку
Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.
Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.
Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.
Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.
фото: принтскрин
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

