Регион
Хан ја предупреди Приштина на обврските кон ЕУ и продолжувањето на дијалогот со Белград
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/vv26261.jpg)
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан им порача во петокот на властите во Приштина дека продолжувањето на дијалогот со Србија е законска обврска на Косово, како и дека во претстојниот извештај за напредокот ќе истакне дека Косово постигнало напредок, но и оти и натаму се соочува се сериозни предизвици.
Еврокомесарот Јоханес Хан изразил надеж дека до крајот на 2015 година ќе се создадат условите за препорака за визната либерализација за државјаните на Косово, пренесуваат регионалните медиуми.
Хан ги повикал сите политички фактори на Косово на почитување на институцијата за да се овозможи нивното функционирање, откако претходните денови беше оневозможувано работењето на косовскиот парламент со инцидентите и протестите на опозицијата, а седниците беа прекинувани со фрлање на солзавец. „Блокадата на собранието може да има влијание и врз односите со ЕУ, откако во прашања се некои закони кои треба да бидат усвоени во собранието“, порачал Хан.
Косовската опозиција се спротиставува на договорот за нормализација на односите со Србија, од коишто произлегува и обврската за формирање на Заедница на српските општини во оваа поранешна српска јужна покраина од која властите се повлекоа по воената интервенција на НАТО во 1999 година а албанските власти во Приштина со поддршка на САД и водечките земји на ЕУ еднострано прогласи независност во 2008 година којашто Белград не ја признава.
Хан во петокот во Приштина се сретна со косовските челници, претседателката Атифете Јахјага, со премиерот Иса Мустафа и со претседателот на Собранието Кадри Вејсели, а пратениците од опозициското движење Самоопределување во текот на специалната седница на којашто зборување еврокомесарот во косовскиот парламент истакнале транспарент со натписот „Нелегалниот договор не смее да мине“.
На заедничката прес-конференција со косовскиот премиер, Хан изразил надеж дека Европскиот парламент набрзо ќе даде согласност за неодамна потпишаната Спогодба за стабилизација и придружување, за што таа што поскоро да стапи на сила.
„Врз основа на Спогодбата, продолжувањето на дијалогот со Србија е законска обврска на Косово, и тоа е претстојниот фокус на патот кон ЕУ. Убеден сум дека премиерот и неговата влада имаат политичка волја да продолжат натаму“, порачал Хан во Приштина/
Косовскиот премиер Иса Мустафа, според приштинските медиуми, го замолил еврокомесарот за поддршка од страна на државите членки за членството на Косово во УНЕСКО, ветувајќи дела Косово ќе ги исполни сите препораки кои се однесуваат на културното наследство на Косово, при што се алудира на српските манастири и цркви./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/александар-вучиќ-2.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.
Регион
Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/351dabcb-2224-4269-8026-3b31590d6e8b.jpg)
Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.
„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат, да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.
Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.
Истото невладино здружение минатиот петок организира бојкот на продавниците во Црна Гора кога, според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.
Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одѕваа на повикот за бојкот на големите продавници, а одѕивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.
Регион
Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/micotakis-x-epa.jpg)
Грчките власти се на готовност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.
„Уште еднаш сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета на островот додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни, пренесе „Ројтерс“.
Тој изрази надеж дека оваа појава бргу ќе заврши и дека островот целосно ќе се врати во својот нормален ритам.