Контакт

Топ

Притвор за педофилот од Виница – го намамил детето во зграда и му дал пари за да молчи

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 66-годишниот жител на Виница за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

dobivaj vesti na viber

ОдОобвинителството информираат дека осомничениот го искористил претходното познанство со детето, па во ноември 2019 година го намамил во помошна просторија на станбена зграда каде го извршил кривичното дело. Потоа тој му дал парични средства на детето за да молчи.

Осомничениот го повторил половиот напад врз детето на 31 декември, по што било откриено кривичното дело и осомничениот е приведен.

Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на бегство на осомничениот, страв дека осомниченот ќе ги сокрие трагите од кривичното дело и ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до судија на претходна постапка во Основниот суд Кочани достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот.

Основниот суд Кочани на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Објавено пред

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.

dobivaj vesti na viber

На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.

Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.

Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.

Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната во Украина за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

„Имавме повик. Беше прилично долг разговор. Разговаравме за многу работи, вклучително и за Иран. Разговаравме за војната со Украина и не сум задоволен од тоа“, рече Трамп пред да замине на настан во Ајова.

На прашањето дали постигнал напредок со Путин за време на разговорите, Трамп одговори: „Не, денес воопшто не постигнав никаков напредок со него“.

Двајцата лидери разговараа еден час, фокусирајќи се на војната на Русија во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. Телефонскиот повик беше нивниот шести разговор откако Трамп ја презеде функцијата во јануари.

Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, претходно во текот на денот им изјави на новинарите дека Путин рекол дека „Русија ќе продолжи да ги остварува своите цели“ во војната против Украина. „Нашиот претседател рече дека Русија ќе ги остварува своите цели, особено со решавање на причините што доведоа до сегашната ситуација и дека нема да се откаже од тие цели“, додаде Ушаков.

Белата куќа не објави официјален транскрипт од разговорот, а Трамп не коментираше понатаму за разговорот. Откако ја презеде функцијата, Трамп се обидува да посредува во прекин на огнот меѓу Украина и Русија, но без успех. И покрај двете рунди разговори меѓу Киев и Москва, Путин одби да спроведе прекин на огнот, наведувајќи ги своите максималистички барања.

Зголемени напади врз Украина
Иако Трамп изрази фрустрација од континуираната руска агресија, неговата администрација не воведе нови санкции ниту презеде чекори за директен притисок врз Кремљ. Пораката на Путин дојде во услови на зголемени руски напади со беспилотни летала и ракети низ Украина, во кои во последните недели загинаа стотици цивили.

Нападите уништија бројни инфраструктурни објекти. Русија ја засилува својата офанзива и покрај повторените повици од Киев, Вашингтон и европските лидери за безусловно примирје.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин-Трамп

Објавено пред

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени области и цивилна инфраструктура. Нападите предизвикаа пожари во неколку делови од Киев, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Нападот се случува помалку од 12 часа по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Според градските власти, погодени се најмалку 13 локации низ главниот град, при што се повредени најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.

Пожари низ Киев, жителите добија молба да ги затворат прозорците
Шефот на Воената администрација во Киев, Тимур Ткаченко, рече дека пожари избувнале низ целиот град и ги предупреди жителите да ги затворат прозорците поради „опасни производи од согорување“ во воздухот. „Русија, терористичка држава, остави пустош зад себе“, рече Ткаченко на Телеграм. „Русите не носат ништо друго освен терор и убиства. Тоа е факт.“

Новинарите на „Киев Индепендент“ објавија дека експлозиите во Киев започнале околу 22 часот по локално време и траеле до раните утрински часови на 4 јули. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија испалила балистичка ракета кон Киев околу 00:30 часот, по што следеле уште неколку околу 02:30 часот.

Според достапните информации, дронот удрил во станбена зграда во населбата Оболон и предизвикал пожар на покривот. Во населбата Свјатошино, остатоците од дрон предизвикале пожар во магацин и го погодиле дворот на 16-катна зграда, во кој изгореле и возила. Уште еден пожар избувнал во деловен простор откако паднале остатоците од дронот.

Во Дњепровскиот округ, остатоци паднаа во близина на училиште и неколку станбени згради, додека во Соломјанскиот округ избувна пожар во административна зграда, магацини и гаража. Остатоците оштетија неколку деловни простории. Во Шевченковскиот округ, се запали ненаселен стан на првиот кат од осумкатна зграда, а пожар избувна и во деловна зграда во истиот округ. Оштетена е и медицинска установа во Холошиевскиот округ.

Руски беспилотни летала го погодија и градот Полтава, оштетувајќи згради и едно возило, а повредувајќи две лица, изјави гувернерот Володимир Кохут.

Нападот се случува само неколку часа по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. За време на разговорот, Путин рече – според руското соопштение – дека Русија „продолжува да ги следи своите цели во Украина“, и покрај повиците на Западот за прекин на огнот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 минути

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа2 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин-Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион3 часа

(Видео) Студенти: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија3 часа

Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија3 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ14 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија15 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија16 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија16 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија19 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија21 час

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ21 час

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ23 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион1 ден

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа1 ден

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа1 ден

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет1 ден

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет1 ден

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет1 ден

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...