Црна хроника
Двајца прилепчани заработија кривични за измами
Прилепската полиција поднесе кривични пријави за два одделни случаи на измама, едниот за нарачка и неплаќање поголемо количество прехранбени производи, а вториот за неизвршена а наплатена услуга.
Во првиот случај 41-годшна жителка на Прилеп, претседателка на Здружение за развој и унапредување на земјоделско производство и тутунопроизводство „Тежок лист“ од Прилеп е пријавен за кривично дело „измама“. Имено таа на 26-ти мај годинава од сопственикот на ресторанот „Јадран“ нарачала угостителски услуги (храна и пијалоци) во износ од 57.469 денари, наводно за гости од тутунско здружение од Албанија, ветувајќи му дека порачката ќе биде платена од страна на Здружението „Тежок лист“, иако знаела дека Здружението не располага со финансиски средства. Откако ја подигнала порачката, пријавената досега не ја платила.
Во вториот случај, 34-годишен жител на прилепското село Ропотово, исто така, е пријавен за делото „измама“, бидејќи на 3-ти октомври годинава на 57-годишна жена и’ зел 1.800 евра, како аванс наводно да купи материјали со кои собите на спратот од нејзината куќа ќе ги изработи со кнауф материјал. Откако сега пријавениот извесен период не дошол и воопшто не одговарал на телефонските повици од оштетената, таа случајот во полиција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

