Спорт
Ѓоковиќ: Можно е да се одложи Австралија Опен, здравјето на играчите е најважно

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ е загрижен за случувањата во Австралија поради големите пожари. Тој моментно е во Бризбејн, со репрезентацијата на Србија на АТП купот.
По првиот меч од првото коло против Јужна Африка Ѓоковиќ беше запрашан за ситуацијата во Австралија и како тоа ќе се однесува на претстојниот Австралија Опен.
„Мора да се земат сите можности во предвид поради екстремните услови. Мислам дека организаторите ќе сторат се за да нема одложување, но ако ситуацијата се сведе на тоа условите да влијаат на здравјето на играчите, мислам дека ќе се разгледа можноста за одложување на турнирот“ – рече Ѓоковиќ.
Огнената стихија на југоистокот на Австралија неколку недели неконтролирано се шири, а досега 23 лица го загубиле животот.
Квалитетот на воздухот во Мелбурн, каде се игра првиот годинешен грен-слем е многу лош, а дел од зградите морало да бидат затворени затоа што димот влегол во вентилациониот систем.
„Одлуката за одложување би била тешка за организаторите, Австралија Опен секогаш почнува во одредено време. Вклучени се многу работи, но грижата за здравјето на играчите е најважна“ – смета Ѓоковиќ.
Австралија Опен на програмата е од 20 јануари до 2 февруари, а во тој период се очекува температурата да е околу 40 степени Целзиусови.
Титулата од минатата година ја брани токму Новак Ѓоковиќ, а наградниот фонд годинава ќе изнесува рекордни 71 милион австралиски долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Челзи прими голчиште па испорача „петарда“ во мрежата на Вест Хем

Вест Хем доживеа тежок пораз на Олимпискиот стадион во Лондон од градскиот ривал Челси. Во првиот меч од втората рунда, Челси победи со 5:1.
Натпреварот започна идеално за Вест Хем, а заврши кошмарно. Медиумите веќе шпекулираат дека менаџерот Грем Потер ќе добие отказ.
Лукас Пакета постигна голшиште во шестата минута. Голот оди и на душа на голманот Санчез кој можеше подобро да реагира.
Од 15.минута започна кошмарот за „чеканите“, кои повторно демонстрираа дека одбраната им е како швајцарско сирење.
Во периодот од 15. до 34.минута, Челзи постигна три гола, сите од петерецот на Хенмарсон. Најпрвион погоди Жоао Педро, потоа Педро Нето и на крајот енцо Фернандез.
Во вториот дел блиц криг на Челзи, два гола во 54. и 58. минута на Каиседо и Шалоба за конечни 1:5.
foto/ EPA/VINCE MIGNOTT
Спорт
(Видео) Олисе започна, Кејн го декласира Лајпциг

Фудбалерите на Баерн беа повеќе од убедливи на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион на Германија го пречека тимот на Лајпциг и го декласира со 6:0.
Традицијата продолжи, бранителот на титулата речиси никогаш не ги губи натпреварите што вообичаено ги игра на отворањето на новата сезона.
Исто беше и сега, бидејќи Баерн не остави ниту една шанса за тимот од Лајпциг, за да можат да се вратат од Минхен со бодови.
Од почетокот на натпреварот, домашниот тим го наметна својот ритам и агресивно го нападна голот на гостите.
Лајпциг успеа да издржи до 27-та минута кога Микеал Олисе го совлада Петр Гулачи. Само пет минути подоцна, по една од најдобрите акции на Баерн на овој натпревар, која беше украсена со атрактивно додавање на Серж Гнабри, а ја заврши со гол Луис Дијаз.
До крајот на првото полувреме од натпреварот, Олисе го постигна својот втор гол на натпреварот по нова асистенција од Гнабри.
Второто полувреме го одбележа само еден човек, Хари Кејн.
Најдобриот стрелец минатата сезона, не можеше подобро да ја започне новата натпреварувачка гсезона, бидејќи веќе постигна хет-трик во првиот натпревар.
Во второто коло, Баерн ќе игра против Аугсбург во мало баварско дерби, додека Лајпциг ќе го пречека Хајденхајм на домашен терен.
Foto/ EPA/RONALD WITTEK
Спорт
Рпма се вклучи во трката за потписот на Елмас

Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на преодниот рок. Вториот дел од минатата сезона, Елмас ја мина на позајмица во Торино. „Биковите“ немаат пари да го откупат неговиот договор но извесно е дека фудбалерот ќе се врати во Серија А.
Најмногу шанси за да го ангажира Елмас има неговиот поранешен клуб Наполи. Елмас во сезоната 2022/2023 беше дел од тимот кој по три децении ја врати титулата во Серија А, во градот под Везув. Таа сезона тој беше трет најобра стрелец во екипата.
Наполи отвори преговори со Лајпциг, но не за перманентен трансфер туку за позајмица, со право на откуп на договорот по завршувањето на сезоната.
Двете страни сега треба да ги договорат тие услови. Лајпциг ја одбиле орвата понуда од 1.500.000 евра за позајмицата и 11.500.000 евра за откуп на договорот.
Германскиот клуб бара 3.000.000 за позајмицата и близу 20.000.000 за откуп на договорот.
Според италијанските медиуми, Елмас се наоѓа и на радарот на Рома. Џанпјеро Гасперини бара играч што може да ја покрие левата страна откако Џејдон Санчо ја дби понудата од Рим.
foto/ EPA