Црна хроника
Кај Пробиштип најдено тело во распаѓање, во кичевско черепи и коски

Во петокот на две одделни окации се откриени човечки останки, соопшти во саботата министерството за внатрешни работи, при што е утврден идентитетот на трупот пронајден крја Пробиштип.
Во петокот околу 9,30 часот утрото во Полициската станица Пробиштип, жител на блиското село Калниште, пријавил дека во долот на речното корито од Калнишка Река, на тесна земјена патека, пронашол непознато тело во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од локалната полициска станица, при што од страна на лекар од службата за Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Од страна на роднини бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за 65-годишна жена од Пробиштип која на 18-ти август била пријавена за исчезната. По наредба на Јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција.
Во петокот, исто така, околу пладне во атарот на кичевското село Бачишта на месноста Бачишки ливади покрај Бачишка Река, во пештера пронајдени биле делови од скелети, меѓу кои черепи, коски.. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од МВР-ОКП, НК за КР Кичево, ОКТ при СВР Охрид и увидна екипа од Полициската станица во Кичево./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.