Црна хроника
Кривична пријава за закана против раководител на сектор во општина Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Насилство“ Секторот за внатрешни работи Охрид, против Г.С.(49) од Охрид раководител на сектор за јавни дејности во охридската локална самоуправа поднесе кривична пријава, јави Ohridnews.
Како што соопшти полицијата, на 29-ти овој месец, во 15 часот и 20 минути, пријавениот започнал вербална расправија со секретарот во локалната самоуправа упатувајќи му повеќе груби навредливи како и следниве заканителни зборови: „ќе видиш што ќе ти направам, ќе ти се осветам тебе и на твоето семејство, ако не успеам јас ќе оставам аманет да ти се осветат“.Според пријавата, во еден момент пријавениот се обидел и физички да го нападне секретарот во локалната самоуправа замавнувајќи со рака кон него со што извршил загрозување на неговата сигурност и предизвикал чувство на страв и несигурност. Во намерата не успеал бидејќи оштетениот се оттргнал и го избегнал обидот за физички напад.Настанот се случил во една од канцелариите во локалната самоуправа каде се вршело интервју и оценување на работењето на државните службеници што е во согласност со законот за државни службеници и правилникот за начинот на оценување на државните службеници. Пријавениот Г.С. револтиран од негативната оцена добиена од неговиот сегашен претпоставен што била идентична со негативната оцена добиена и од претходниот секретар во локалната, манифестирал агресивно однесување и на висок тон започнал вербална расправија. Во таква ситуација во канцеларијата каде покрај секретарот присутен бил уште еден претставник од секторот за правни и кадровски работи, пријавениот ги упатил заканителните и навредливи зборови по што следувал и обидот за физички напад, соопшти полицијата. Дел од медиумите јавија дека пријавениот бил приведен синоќа во охридската полиција, што е пуштен на слобода. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

