Црна хроника
Алкохолот не е причина за несреќата во која загина Милошевски

Досегашниот тек на истрагата за сообраќајната несреќа во која загина директорот на Фудбалската федерација на Македонија, Петар Милошевски, покажа дека ниту еден од возачите не биле под дејство на алкохол, пишува Утрински весник.
„Досегашниот тек на истрагата, како што дознава Утрински весник, потврдила дека ниту претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој го управувал службеното возило ‘пежо 508’,ниту возачот на џипот не биле под дејство на алкохол кога се случила сообраќајната несреќа кај Куманово. Обвинителството во Куманово ги очекува видеоснимките од безбедносните камери кои ја покриваат делницата од патот Крива Паланка-Куманово, но и снимките од камерите што се инсталирани на околните стопански објекти. Во тек се и детални прегледи и вештачења на возилата, за да се утврдат причините поради кои дошло до судирот на двете возила”, пишува Утрински.
Истрагата ја води кумановското обвинителство, а јавниот обвинител Сузана Кусиѓарска вели дека случајот има итен третман и дека му се приоѓа внимателно.
Таа потврдува дека нема други очевидци на незгодата од минатиот четврток, а поради карактерот на повредите сé уште не се распрашани ниту сопатниците во возилото на ФФМ и возачот на другото возило./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.