Црна хроника
Уапсен прилепчанецот кој со џип влета на протестот на опозицијата во Прилеп

Полицијата го уапси прилепчанецот кој во средата попладне со џип влета меѓу приврзаниците на опозицијата кои беа собрани во центарот на Прилеп и повреди двајца граѓани.
Со автомобилот управувал четириесет и едногодишен прилепчанец кај којшто било измерено 2,84 промила алкохол во крвта, а со него бил уште еден прилепчанец со три промила алкохол во крвта.
Во средата во 18.30 часот за време на протестот на опозицијата во центарот на Прилеп, бел џип поминал покрај попречно поставеното службено полициско возило и поставените униформирани полициски службеници кои пред тоа го запреле сообраќајот по булеварот „Маршал Тито“и го обезбедувале протестниот собир и движејќи се со поголема брзина влетал кон насобраните граѓани.
При влетувањето, повредени се двајца граѓани кои веднаш биле пренесени во Градската болница во Прилеп. Против возачот на џипот е поднесена кривична пријава./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.