Контакт

Региони

Српскиот конзул со иницијатива за јакнење на соработката меѓу Битола и Врњачка Бања

Објавено пред

Претставниците на Црвениот крст од Врњачка Бања остварија средба со конзулот на Република Србија во Република Македонија, Силјан Мицевски, истакнувајќи дека широко е полето за соработка со Битола, со посебен акцент на можноста за соработка во областа на туризмот.

dobivaj vesti na viber

Конзулот Мицевски притоа ја потенцираше можноста за иницијатива за туристичко приближување на двата градови. Тоа би се направило, како што посочи, со анимирање на туристичките агенции преку снабдување со соодветни информации за капацитетите на двете општини со цел да се унапреди туристичката соработка меѓу Битола и Врњачка Бања, а жителите на двата градови да добијат соодветна туристичка понуда.

Со оглед на досегашните резултатите од претходните соработки на Битола со српските организации, пред сè за време на големите поплави кои го погодија подрачјето на Србија во минатите години, претставниците на српската делегација изразија благодарност до српскиот конзул за неговото лично ангажирање да се даде помош. Таквата соработка води и до соработка во други области и зацврстување на пријателските мостови меѓу Македонија и Србија, истакнаа од српската делегација.

„Ние, и како град и како организација, први притекнавме на помош и таа соработка меѓу Црвениот крст од Битола и Црвениот крст од Србија се покажа извонредна, така што, јас се надевам дека таа соработка ќе продолжи и на други полиња“, рече Мицевски.

Претставниците на српската делегација истакнаа дека широко е полето за соработка со Битола, ставајќи посебен акцент на можноста за соработка во областа на туризмот.

„Би сакал да истакнам дека Врњачка Бања е туристичко место, познато и како лекувалиште со 27.000 жители. Имаме пет извори на минерална вода. Имаме голем број хотели и угостителски објекти. Во последните години интензивно се работи на инфраструктурата. Кај нас постои и специјална болница за шеќерна болест која со најсовремени програми лекува пациенти од цел регион. Ние посветуваме и големо внимание на туризмот и изградбата на спортски објекти“, рече Слободан Дишовиќ, секретар на Црвениот крст во Врњачка Бања, додавајќи дека Битола и Врњачка Бања со години соработуваат и затоа тој го покани конзулот да биде гостин на овој град во Србија.

Мицевски на ова возврати дека е добро да се покрене иницијатива за туристичко приближување на двата градови. Тоа би се направило со анимирање на туристичките агенции преку снабдување со соодветни информации за капацитетите на двете општини со цел да се унапреди туристичката соработка меѓу Битола и Врњачка бања, а жителите на двата градови да добијат соодветна туристичка понуда.

На гостите од Србија, конзулот Мицевски им подари примероци од зборниците кои се продуцираат како завршен производ од научниот симпозиум посветен на односите меѓу Македонија и Србија, а кој секога година се одржува во Битола.

„Ние немаме спорни прашања меѓу нашите две држави и меѓу нашите два народи. Но некои луѓе понекогаш шират дезинформации за историјата на Македонија и на Србија. Со цел да ги донесеме работите на вистинското место секоја година организираме научен симпозиум овде во Битола. На последниот симпозиум учествуваа 70 научници од Македонија и Србија. Тие заедно ги дискутираат сите важни прашања. Сите тие трудови се ставаат во зборник во тираж од 300 примероци кои завршуваат во библиотеките и училиштата“, рече конзулот Мицевски.

Српските претставници изразија голема благодарност до конзулот за постојаните напори за одржување на српските гробишта во регионот на Битола. Мицевски, пак, од своја страна истакна дека дополнителни напори се прават во соработка меѓу српскиот и грчкиот конзулат во Битола да се обезбедат средства од европските фондови за реконструкција на патот кој води на Кајмакачалан со цел сите историски важни локации на ова подрачје да станат подостапни за посетителите./крај/мф/аш

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ17 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија19 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија20 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија20 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија20 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија21 час

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија21 час

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија21 час

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија23 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија23 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет24 часа

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет24 часа

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет1 ден

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион1 ден

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа1 ден

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет2 дена

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија2 дена

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...