Економија
Трипуновски: СДСМ ги поткупува земјоделците со парите што не им ги исплаќаше досега

СДСМ прави поткуп на земјоделците со нивни пари што не им ги исплаќаше досега. Ова ја фрла најтемната дамка на изборите и претставува брутална навреда на честа и достоинството на работните земјоделци, обвини дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.
„СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците, кои ги следуваат во согласност со законот, а не им биле исплатени изминативе три години.
Алармиравме и посочувавме дека има дупка во платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции што им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017, 2018 и 2019 година. Власта негира и лаже.
Трајан Димковски и СДСМ велеа дека нема неисплатени субвенции кога земјоделците излегуваа пред камера и кажуваа дека не им се исплатени субвенции, ги обвинуваа за лажење, кога посочував дека десетици милиони евра од 2017, 2018 и 2019 година не им се исплатени на земјоделците, негираа. Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите средства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од претходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без средства за исплата, односно за сите мерки за растително производство и сточарството ги оставаат со по 1.000 денари.
На 28 декември Владата донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството, со која за 2020 година испланирала 20 милиони евра за покривање заостанати долгови. На 10 јануари Трајан Димковски со барање за измени во програмата од Владата побарува пренамена на средствата, со што се додаваат дополнителни 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра не се исплатени за по 14 дена да признаат дека лажеле.
Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата што ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари што земјоделците ги следуваат во согласност со законот, тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев.
СДСМ продолжува да ги лаже земјоделците. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра.
Им порачуваме на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. Никој не смее да ги поткупува со нивни пари, тоа се пари што ги следуваат и кои ќе си ги земат во согласност со законот. Дополнително, по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт по 12 април, ќе извршиме исплата на сите заостанати субвенции, кои оваа власт не ги исплатила“, порача Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Премиерот Христијан Мицкоски денес каже дека место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, тоа дека се прави за пет различни видови домаќинства.
„Претставниците на синдикатите, на работодавачите и на Владата на таа седница ќе разговараат и за потрошувачката кошничка која мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачка кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочинета една заедница. Ова ќе биде мој предлог кој што сум го разговарал со академската фела и ова е предлог што сум го добил од таму у мислам дека е добар за разгледување и за дебата на тој Економско – социјален совет. Да имаме неколку потрошувачки кошнички бидејќи потребите на еден пар пензионери не се исти како на еден млад брачен пар или пак тричлено и четиричлено семејство или, пак, на самец“, рече премиерот Мицкоски.
Тој кажа дека е веќе завршен процесот на утврдување репрезентативност на синдикатите, пречка поради која не можеше да се одржи ниту седницата на која требаше да се разговара за барањето на синдикатот минимална тапата да биде 500 ерва. Премиерот очекува седницата на Економско – социјалниот совет да биде закажана во најскоро време.
Економија
Дурмиши-Џабаров: средбата е мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот

Министерот за економија Бесар Дурмиши, денеска оствари средба со официјална делегација од Република Азербејџан, предводена од министерот за економија Микаил Џабаров по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
„Вашата посета денес не е само дипломатски гест, туку симболичен и суштински момент. Оваа годишнина е повод за сеќавање, но и можност за визија, да ја зацврстиме и продлабочиме нашата економска и стратешка соработка,“ истакна Дурмиши.
Во рамките на разговорите беше потенциран и интересот за соработка во рамки на енергетиката, земјоделството, туризмот, фармацијата, инфраструктурата и инвестициите во мали и средни претпријатија.
Дурмиши порача дека денешната средба претставува мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот и кон една заедничка, стабилна и економски поврзана иднина.
„Убеден сум дека ова е само почеток на едно ново, посилно партнерство,“ заклучи Дурмиши.
Економија
Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци, оценува Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави:
„Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. Добро е и за државата, бидејќи e помал дефицит што се однесува до увозот на храна.
Нашиот фокус како Влада е да ги помагаме земјоделците, тие да произведуваат за да може и да извезуваат, но и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани. Така ќе продолжиме и во иднина, со тоа што планираме тој систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние коишто вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат на грбот на земјоделците да профитираат. Така функциониравме и до сега, така ќе продолжиме да функционираме и понатаму.“