Спорт
Два бизарни гола, Рома и Лацио со реми во римското дерби (видео)

„Дерби дела капитале“ на Италија заврши без победник, откако Рома и Лацио одиграа 1:1 на полниот „Олимпико“ во меч во кој беа постигнати два бизарни гола во првото полувреме.
Рома успеа да поведе преку Един Џеко во 26. минута, кога босанскиот капитен на „волчицата“ погоди со глава додека беше свртен со грб кон голот по одличната асистенција на Брајан Кристанте.
Голот на Лацио беше уште побизарен – во 34. минута од мечот, Франческо Ачерби ја искористи катастрофалната реакција на Пау Лопез за од блиску да ја протне топката во голот.
Со ремито, Лацио остана на третото место на табелата со 46 поени, два зад Интер, додека Рома се четврти со 39 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер доби рекет од чисто злато

Јаник Синер доминантно ја одбрани титула на турнирот „Шест кралеви“, во Ријад. Синер за нешто повеќе од еден час го победи најголемиот ривал Карлос Алкараз со 6:2, 6:4.
За победата над Алкараз, Синер доби вреден трофеј.
Покрај тоа што заработи шест милиони долари, тој од организаторот доби рекет излиен од чисто злато.
Бидејќи е целосно направен од злато, вредноста на овој пехар се проценува на 250.000 долари, објави „Марка“.
Имајќи предвид дека сите учесници добија по 1.500.000 долари (Синер за победата доби и дополнителни 4.500.000 долари) , цената на трофејот не изгледа превисока во споредба со тоа, но сигурно е еден од највредните, ако не и највредниот што Синер го има во својата колекција.
Foto/ EPA
Jannik Sinner gets awarded The Golden Racket after his win against Carlos Alcaraz 🎾 pic.twitter.com/WKEzaPgLwW
— Netflix Sports (@netflixsports) October 18, 2025
Спорт
Херојска трка на Бецеки, Фернандез победи во Австралија

Шпанскиот возач на Тракхаус, Раул Фернандез, е победник на трката во кралската класа, во Мото ГП за Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“.
Фернандес ја оствари својата прва победа во кариерата во „кралската класа“ со резултат од 39:49.571.
Второто место на Големата награда на Австралија го освои возачот на тимот Пертамина ендуро ВР46, Италијанецот Фабио Ди Џанантонио, кој заостануваше 1,418 секунди зад победникот.
Третиот беше возачот на Априлија, Марко Бечеки, кој заостануваше 2,410 секунди зад Фернандез. Пласманот на Бецеки е рамен на победа, бидејќи во текот на трката одработи дупла казна од долг круг, поради инцидентот од минатаа недела кога го исфрли од патеката Марк Маркез.
Трката на „Филип Ајленд“, се претвори во уште една катастрофа за Дукати, бидејќи Франческо Бањаја излета од патеката во самиот финиш, со што му го препушти третото место во генералниот пласман на Бањаја.
Првото место во генералниот пласман го држи шпанскиот возач на „Дукати“, Марк Маркез, со 545 поени.
Маркез веќе ја обезбеди титулата во шампионатот Мото ГП во „кралската класа“, а ја пропушти трката во Австралија бидејќи се опоравува од операција на десното рамо.
Второто е неговиот брат, возач на Гресини, Алекс Маркез, со 379 поени.
Следната трка во шампионатот Мото ГП ќе се одржи на 26 октомври за Големата награда на Малезија на патеката Сепанг.
Foto/ EPA
Спорт
„Пирло не го сакаше Роналдо во Јувентус“

Андреа Пирло, кој го презеде Јувентус во 2020 година со големи очекувања, всушност не го сакал Кристијано Роналдо во тимот, тврди неговиот поранешен помошник Алпарслан Ердем.
Во интервју за турските медиуми, Ердем откри претходно непознати детали за тензиите во клубот, кои, според него, директно влијаеле на резултатите.
„На Пирло не му се допаѓаше Роналдо, но не можеше ништо да направи. Ги анализираше податоците, тие покажаа дека Роналдо има најслабо трчање и најлош пресинг во тимот“, рече Ердем.
Тој додаде дека Пирло имал јасна тактичка визија заснована на формација 4-4-2, во која гледал повеќе простор за Алваро Мората отколку за португалската суперѕвезда.
„Пирло не го сакаше Роналдо во тимот, но едноставно станува збор за Кристијано Роналдо. Не можел да го извади. Мората му одговараше повеќе затоа што се вклопуваше во системот. Тој план на игра едноставно не функционираше ниту со Роналдо ниту со Дибала, но неговите раце беа врзани.“