Црна хроника
„Бреза“ повеќе не е заштитен сведок во случајот „убиство на Лазо Милошевски“
Во судскиот процес за платено убиство на Лазо Милошевски од село Ореше, нема повеќе „заштитен “ сведок. Ова е одлучено на денешното судско рочиште во Основниот суд – Скопје 1, јави порталот Лисица.
Барањето сведокот кој досега беше именуван со псевдонимот „Бреза“ да се појави лично во судница во Велес било прифатено и од судијата кој го води случајот.
Својата прва јавна изјава поврзана со убиството на Милошевски, сега веќе поранешниот заштитен сведок ќе ја даде на 5ти февруари за кога судијата Илија Танев има закажано рочиште.
Според обвинението за убиството на старецот од велешкото село Ореше, осомничени се браќата Ордан и Љубомир Ѓорѓиевски. Тие од нарачателот Ѓоре Петревски за извршената работа добиле 20 илјади долари.
Велешкиот суд двапати ги прогласува за виновни браќата Ѓорѓиевски, а Апелација ја поништуваше одлуката. /крај/лсц/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

