Европа
Меркел: Европските санкции против Русија беа неизбежни
Одлуката на Европската унија да воведе широко санкции против Русија беше „неизбежна“ поради руските постапки во Украина и сега следниот чекор е на Москва, изјави во вторникот доцна вечерта германската канцеларка Ангела Меркел.
Eвропската унија првпат воведе санкции за руските нафтени компании, банките и воените претпријатија. Тоа е досега најсилната меѓународна реакција против Русија којашто Западот ја обвинува дека ги помага проруските бунтовници кои не ја признаваат легитимноста на прозападните власти во Киев кои дојдоа на власт со соборувањето на претседателот Виктор Јанукович, што Москва одлучно го негира, заклучува Reuters.„Затоа денешната одлука беше неизбежна“, се вели во писмената изјава на германската канцеларка Ангела Меркел. Канцеларката во соопштението ги повикува руските власти да се насочат кон смирувањето на тензиите и соработката во решавањето на судирите во Украина, заканувајќи се притоа дека во спротивно се можни нови мерки, односно санкции.И холандскиот министер за надворешни работи Франс Тимерманс изјави дека европските санкции ќе имаат „далекосежни и директни ефекти“. Тие санкции ќе испратат силен сигнал на Москва „дека е на погрешен пат“, изјави шефот на холандската дипломатија во текот на расправата за падот на малезискиот патнички авион во источна Украина, при што загинаа 298 луѓе, од кои најголемиот број холандски државјани. Економските санкции за кои начелен договор постигнаа амбасадорите членки на ЕУ во вторникот навечер „претставуваат силно предупредување за Москва“, но можат да бидат укинат доколку Русија престане да ја дестабилизира Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, пренесува AFP. „Денеска усвоените санкции се силен сигнал за челништвото на Руската Федерација: руската економија ќе плати голема цена за дестабилизацијата на Украина или која и да е соседна земја“, се наведува во соопштението на ван Ромпуј издадено во Брисел во вторникот доцна навечер. Земјите членки на Европската унија постигнаа во вторникот договор за економските санкции против Русија кои повторно ќе бидат разгледани по тримесечен период, а особено тие се насочени, како што притискаше Вашингтон, на финансискиот сектор, односно пристапот на руските банки до финансиските пазари, чувствителната технологии, соработката во областа на одбраната и производите за двојна намена, како и енергетскиот сектор, според дипломатски извори од Брисел.Станува збор за првата голеам низа економски санкции против Русија чија цел е да се натера рускиот претседател Владимир Путин да престане со поддршката на компаниите кои ја дестабилизираат Украина, како што тврдат САД и ЕУ. Брисел одлучи да ја блокира активата на четири бизнисмени кои ги смета блиски на Путин, обвинети дека имаат позла од присоединувањето на Крим на Руската Федерација, што Западот го смета за руска анексија на украинска територија непризнавајќи го референдумот на тамошното мнозинско руско и рускојазично население, или активно ја поткрепувале дестабилизацијата на Украина, а нивните имиња ќе бидат објавени во среда. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

