Европа
ОБСЕ ја започна контролата на руско-украинската армија

Русија објави дека набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) започнаа во средата да ги набљудуваат двете контролни точки на руско украинската граница, додека НАТО повторно обвинува дека расте бројот на руските војници и вооружување на границата на што Москва одговара дека станува збор за пропаганда, а агенциите пренесуваат дека истражителите сѐ уште не можат да допрат до местото на падот на малезискиот авион поради борбите во кои украинската армија по секоја цена сака да ја заземе таа област контролирана од проруските бунтовнции.
„Надзорот на контролните премини ‘Донецк’ и ‘Гуково’ ќе го извршуваа 16 набљудувачи на ОБСЕ во текот на следните 24 часа“, соопшти руското министерство за надворешни работи, но не е наведено кога мисијата ќе заврши, но истакнува дека набљудувачите „можат да бидат загрозени“ поради продолжение гранатирања од украинска територија на руските гранични премиени во кои претходно месецов загина еден маж, две жени беа ранети а повеќе цивилни домови на руска територија беа оштетени.Воениот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав изјави дека бројот на руски војници „значително е над 12 илјади“ по должината на границата со Украина. Претходно во средата Бридлав во Пришина изјави дека НАТО регистрирал како се трупа воена опрема од руската граница. „Гледаме како опремата се префрлува од внатрешен централен воен округ во Русија до Ростов“, изјави Бридлав. Додаде дека воената опрема таму се склопува и се префрлува кон границата и преку неа.Портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков во неделата одговараји на постојание обвинувања на САД дека префрла оружје воисточна Украина и ги гаша позициите на украинската армија го потсети Вашингтон дека во текот на последните четири месеци руските погранични области со Украина во рамките на Виенскиот документ од 2011 година и Договорот за Отворено небо ги посетиле 18 меѓународни инспекции. Во составот на овие инспекции, покрај претставници на САД и НАТО, имало и воени инспектори од Украина. Овие групи извршиле и набљудување од воздух на посочените региони, а ги посетиле и воените единци коишто ги интересирале и не нашле никакви прекршувања.Со повикот набљудувачите на ОБСЕ да ги контролираат граничните премини и контролни пунктови на руско-украинската граница, а таква понуда уште во јуни ѝ упати и на пограничната служба на Украина – да врши контрола од руската страна на заедничката граница, Москва им одговара на Вашингтон и на Киев за обвинувањата дека преку посочените гранични премини ги снабдува бунтовниците во Украина со воена опрема. Москва тврди дека мисијата на ОБСЕ е „нов доказ на добрата волја на Русија која се обидува да помогне во намалувањето на внатрешниот украински судир“. Претходно Русија упати остар протест до Украина откако украинската армија со артилериски оган го гаѓала граничниот премин „Гуково“ меѓу двете земји и предупреди дека сличните акции ќе предизвикаат „последици“. Москва повеќепати досега се жалеше дека граничните премини биле цел на артилериски напади од украинската територија, а кон крајот на јуни беа заробени и две оклопни возила на украинската армија кои ја минале граничната линија и навлегле во руската територија.Меѓународните истражители и натаму не можат да дојдат до местото на падот на авионот на летот МН17, објави во средата во Хаф, холандскиот шеф на мисијата задолжен за префрлање на телата на жртвите во нивните татковини. „Несигурноста по патиштата и по должината на патот е голема. Тоа го заклучивме на основа на извештајот на извидувачката мисија на ОБСЕ во текот на денот“, изјави Питер Јаап Аалбергберг.Четврти дена по ред невооружените полициски истражители од Холандија и Австралија, не успеваат да дојдат до местото на падот на малезискиот авион. И покрај објавениот прекин на огнот на местото на несреќата, иако украинскиот претседател Петро Порошенко во понеделникот издаде наредба украински сили да ги сопрат борбените дејствија во радиус од 40 километри од местото на несреќата, украинската армија продолжува со офанзивата во обидот да ја заземе целата област, при што, како што предупредија проруските бунтовници, се уништуваат докази. „Постојано се проценува безбедност, ќе настојуваат да дојдеме следните денови на местото на несреќата, но голем прашање е дали безбедноста ќе се подобри“, рече Аалберсберг.Холандската полиција, меѓутоа предупреди дека се мали шансите во тоа да се успее, поради постојаните судири. Аалберсберг извести дека во четврток се очекува доаѓањето на 68 експерти и полицајци од Малезија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Руски град на 1.300 километри од украинската граница нападнат со дронови

Украинските беспилотни летала нападнаа повеќе цели во Русија и во окупираниот Крим преку ноќ вклучувајќи го и рускиот град Ижевск, на повеќе од 1.300 километри од украинската граница, објавија руските власти и локалните канали на „Телеграм“.
Жителите на Ижевск пријавија експлозии рано утрово, а локалните власти потврдија напад со беспилотно летало врз објект во градот. Александар Бречалов, шефот на руската Удмуртска Република, рече дека службите за итни случаи реагираат на нападот и дека повеќе информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни.
💥 What a loaded morning! Russian city Izhevsk was hit by drones — air defense scored a clean 0%
Udmurtia’s governor Brechalov claimed that one of the city’s enterprises was attacked by drones “from the Kyiv regime” (🤭).
🏭 Reportedly, the target was the Izhevsk… pic.twitter.com/oIlu8dFJ4n
— NEXTA (@nexta_tv) July 1, 2025
Руската агенција за цивилно воздухопловство привремено ги прекина летовите до и од градските аеродроми по инцидентот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговата воздушна одбрана соборила 60 украински беспилотни летала во текот на ноќта во неколку региони, вклучувајќи 17 над окупираниот Крим, 16 над Ростовската област и 11 над Азовското Море. Другите наводно биле соборени над Курската, Саратовската, Белгородската, Воронежската и над Орјолската област, како и над Црното Море.
Експлозии и во Крим
Во окупираниот Крим локалните канали на „Телеграм“ известија за експлозии во кои наводно се наоѓаат руски системи за воздушна одбрана „С-300/С-400“ и радарски станици.
• NASA satellites recorded a strong fire south of the village of Kurortne during the night.
• According to informants from the monitoring group, this is the location of an S-300/S-400 air defence system. pic.twitter.com/42wnAK5yJ1
— Boris Alexander Beissner (@boris_beissner) July 1, 2025
Групата за мониторинг се повика на сателитски податоци од НАСА, кои покажуваат голем пожар во областа преку ноќ, иако нема официјална потврда за каква било штета на системите за воздушна одбрана.
Украина официјално не ја презеде одговорноста за нападите, а нејзината воена разузнавачка служба не ги коментира настаните. „Киев индепендент“ не беше во можност независно да ја потврди оваа информација.
Европа
Млад човек упадна во компанија во Германија: уби едно лице со нож и тешко повреди уште двајца

Дваесет и едногодишен маж избол тројца вработени во компанијата за електрична енергија „Уберландверке Рен“ во Германија, соопшти полицијата.
Еден вработен е убиен, а двајца се тешко повредени во Мелрихштат, мал град источно од Франкфурт во јужна Германија, соопшти полицијата во објава на социјалните мрежи.
Според „Билд“, вработениот починал откога претрпел повеќекратни убодни рани во горниот дел од телото, вклучувајќи го и вратот.
Осомничениот, 21-годишен германски државјанин, е уапсен, потврди портпаролот на полицијата. Сè уште не е јасно каква е неговата поврзаност со компанијата или кој би можел да биде неговиот мотив за нападот.
„Грижата за повредените е наш врвен приоритет, како и разјаснувањето на точните околности на инцидентот“, изјави портпаролот на полицијата.
Европа
Данска го презема претседавањето со Европската Унија

Данска денес го презема од Полска ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската Унија.
Се очекува владини претставници од Копенхаген да претседаваат со бројни министерски состаноци во текот на следните шест месеци и да дејствуваат како медијатори во споровите меѓу 27-те земји-членки на ЕУ.
Тематски, Данците сакаат да се фокусираат на заеднички проекти за вооружување против заканата од Русија и зголемена конкурентност во рамките на ЕУ под мотото „Силна Европа во светот што се менува“.
Тие, исто така, се надеваат дека ќе ги унапредат законските проекти за борба против несаканата миграција и климатските промени.
Главните предизвици за данското претседателство веројатно ќе бидат тековната унгарска блокада на Украина во преговорите за пристапување кон ЕУ и трговскиот спор со Соединетите Американски Држави.
Се закануваат дополнителни спорови околу финансиските прашања, бидејќи дискусиите за долгорочниот буџет на ЕУ од 2028 до крајот на 2034 година треба да започнат во наредните месеци.
Ставовите на земјите-членки варираат во голема мера. На пример, Германија, како нето придонесувач, се спротивставува на зголемувањето на буџетот, кој неодамна изнесуваше повеќе од еден билион евра.