Црна хроника
Откриена куќа во Лојане во која биле сместувани мигранти од арапските земји
Мигранти од арапските земји плаќале по пет евра за ноќевање и престојувале во куќа во сопственост на четириесет и едногодишен жител на кумановското село Лојане, соопшти МВР.
На 10 декември, Одделението за илегална миграција и прекуграничен криминал извршиле претрес во помошната просторија во куќата и пронашле девет мигранти од Сомалија.
Во полициска станица мигрантите кажале дека платиле пет евра од ноќевање за престој во куќата откако пред околу еден месец илегално влегле од Грција во Македонија.
Превозот од Гевгелија до село Лојане им го организирал жителот на Лојане преку такси превозници и за тоа му платиле 500 евра за едно возило.
Во ноември во оваа куќа престојувале 22 мигранти од арапските земји кои исто така му платиле на жителот на Лојане по 500 евра од лице за да ги превезе во Србија.
Жителот од Лојане е во бегство и по него е распишана потерница, додека мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци. Против жителот на Лојане е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.
Црна хроника
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.
Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.
И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

