Црна хроника
Спречен обид за шверц на револвер преку ГП „Табановце“
Мобилните царински тимови спречија обид за криумчарење на револвер, марка Nagant, од белгиско производство.
Во неделата, на граничниот премин Табановце автопат, за излез од државата, се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија Куманово-Виена.
Мобилните царински тимови селектирале за личен претрес патник во автобусот, македонски државјанин. Иако при претресот не биле откриени неправилности, сепак патникот се однесувал чудно и нервозно, што било причина да се изврши и контрола на неговото седиште. Притоа, помеѓу седиштето и страницата на автобусот, под прозорот, покриен со употребени хартиени марамчиња, бил откриен револвер марка Nagant М 1895, со сериски број 120704, произведен 1898 година во Лиеж, Белгија.
Извршеното вештачење од страна на Министерството за внатрешни работи утврдило дека пронајдениот револвер е огнено оружје во исправна состојба, со калибар 7,62мм, од белгиско производство, кој работи на принцип на двојна акција и има капацитет на цилиндарот (буренцето) од седум куршуми. Кај револверот биле воочени прилагодувања со што било овозможено наместо муниција со калибар 7,62мм Nagant, да се вметне стандардна пиштолска муниција со калибар 7,65мм.
Царинската управа на Република Македонија, до Основното Јавно Обвинителство Куманово, поднесе соодветна кривична пријава против патникот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.