Компании
„Имиџ ПР“ доби престижна награда Golden World Award од Меѓународната организација за односи со јавност – IPRA
Наградата е доделена за комуникациската платформа „Енергетска математика“ реализирана за ЕВН Македонија. Ова е прва ваква висока награда што IPRA ѝ ја доделува на агенција од Македонија
Наградата е доделена за комуникациската платформа „Енергетска математика“ реализирана за ЕВН Македонија. Ова е прва ваква висока награда што IPRA ѝ ја доделува на агенција од Македонија
Меѓународната организација за односи со јавност – IPRA ѝ додели највисока награда „Golden World Award“ на агенцијата за комуникациски менаџмент и односи со јавност Имиџ ПР, за кампањата „Енергетска математика“ , која е реализирана за ЕВН Македонија. „Golden World Award“ е прва престижна награда од Меѓународната организација за односи со јавност – IPRA, што ја добива агенција од Македонија, а годинава ова е единствена висока награда доделена во регионот.
Престижната награда во конкуренција од повеќе проекти од целиот свет, Имиџ ПР ја доби во категоријата „Односи со заедницата“. Формалното доделување на наградите ќе се одржи во ноември во Доха, Катар.
„Како една од првите агенции за односи со јавност на македонскиот пазар оваа награда за нас претставува огромна потврда дека нашите досегашни напори да воспоставиме високи стандарди во професијата се оправдани.Тоа нѐ позиционира на светската карта не само како агенција, туку и како земја. Докажавме дека сме конкурентни и на светско ниво што е огромен успех. Оваа награда за нас е само дополнителен поттик да понудиме квалитетни проекти на пазарот, што ќе бидат препознаени од клиентите и ќе помогнат во постигнување на нивните цели”, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ директор на „Имиџ ПР”.
На развој на решенијата и продукција на видео материјалот за „Енергетската математика“ работеше и тим на адвертајзинг агенцијата „Идеа плус Комуникации“ од Скопје.
„Енергетска математика“ е дел од Платформата за енергетска ефикасност, што ЕВН Македонија ја спроведува од 2012 година заедно со Министерството за економија и Агенцијата за енергетика на Република Македонија, а чија цел е поголема примена на енергетската ефикасност во сите сегменти од современото работење и живеење.
„Во современиот живот електричната енергија и нејзиното користење е значајно прашање кое има и економски и еколошки аспект. Начинот на користење на електричната енергија зависи од навиките и однесувањата на луѓето и ние преку нашите активности сакаме да покажеме како да се живее квалитетно, но истовремено и енергетски ефикасно. Прашањето на енергетската ефикасност е особено актуелно и ние ви таа насока ќе продолжиме да работиме и во следниот период“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонја.
Комуникациската платформа „Енергетската математика“ е комплесен комуникациски проект кој преку различни канали на комуникација ја пренесува главната порака за „вредноста“ на електричната енергија изразено преку киловат час и начините на кои може да се рационализира потрошувачката во секојдневниот живот. Комуникациските средства подготвени на едноставен и секому разбирлив јазик покрај другото опфаќаат: осум филмувани епизоди од секојдневиот живот на просечното семејство Јаневи и Адеми, кои се емитуваа на македонски и албански јазик, вклучување на младата публиката преку интеракција на социјалните медиуми, едукативни работилници за заинтересираната јавност, надворешно огласување, радио пораки, телевизиски видео материјали итн. Енергетската ефикасност е тема која покрај тоа што има големи ефекти врз животната средина, значајно влијае и на семејниот буџет.
Меѓународната организација за односи со јавност – IPRA е основана во Лондон на 1. мај 1955 година, каде што и денес се наоѓа седиштето на организацијата. Иницијативата за основање на оваа организација потекнува од практичарите за односи со јавност од Холандија и Велика Британија. Денес, IPRA е најголема светска организација за односи со јавност во која членуваат практичари од оваа област од целиот свет. Како независна организација IPRA е активна и организира низа настани во насока на подигнување на стандардите во професијата, едукација и размена на идеи и искуства помеѓу професионалците од оваа област од целиот свет. IPRA, како професионална организација, е признаена и од Обединетите нации и има советодавен статус во Економскиот и Социјалниот совет (ECOSSOC), како и во УНЕСКО../крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)