Црна хроника
Јанкулоска: Проблемот со мигрантите е глобален проблем
Проблемот со илегалните мигранти е глобален проблем, се соочуваме со енормно зголемен притисок како земја која се наоѓа на надворешната граница на ЕУ, изјави министерката за внатрешни работи по сè почестите железнички несреќи во коишто жртви се мигранти од Сирија и Авганистан.
„За жал се соочуваме со навистина голем проблем и со еден енормно зголемен притисок. Многукратно зголемен притисок во последните неколку години и овие трагични последици се резултат на повеќе околности по однос на кои ние со целиот наш капацитет се обидуваме да дадеме максимален придонес и за намалување на бројот на илегални мигранти во смисла на нивна навремена детекција, но и за обезбедување на сите ризични точки“, изјави Јанкулоска.Десетици, па и стотици илјади мигранти од кризните подрачја настојуваат да стигнат до нивната финална дестинација, до некоја западноевропска земја. Рутата по која најчесто се движат доаѓа најчесто од Грција, прават обид како транзитна територија да ја искористат територијата на Македонија, а потоа да се упатат кон западноевропските земји, објаснува министерката./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Црна хроника
Маж падна во отворена шахта во Скопје, бил пренесен во болница
Вчера во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, С.К. од Скопје паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, по што бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.