Црна хроника
Ограбени црква и манастир во битолско

Непознати сторители во неделата вечерта спроти понеделникот ограбиле црква и манастир во Битолско.
Едната кражба била пријавена во понеделникот околу 11.30 часот, а се случила во црквата „Св. Богородица“ во битолското село Кравари. Крадецот го пресекол катанецот од влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување украл метални пари во вредност од околу 2.000 денари.Другата кражба била пријавена во понеделникот попладне околу 15.30 часот и според пријавата ограбен бил манастирот „Св. Христофор“ во атарот на село Крстоар, битолско.Крадецот откорнал метално парче лим поставено на прозорецот и со протнување на раката го отворил истиот, влегол внатре и по извршено пребарување украл метални пари во вредност околу 300 денари, синџир со крст, приврзок крст и магнетна белегзија, со што причинил материјална штета од околу 1.000 денари.Полицијата работи на расчистување на кражбите, а засега нема информации дали двете кражби се поврзани./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.