Европа
Младата Палестинка која ја расплака Меркел ќе остане во Германија
Палестинската тинејџерка, којашто во средата беше расплакана од германската канцеалрка Ангела Меркел, во текот на пренос на телевизиска дебата, ќе може да остане во Германија, пишува во саботата британскиот весник The Guardian повикувајќи се на германски функционери.
Во емисијата емитувана од модерен училишен центар во северногерманскиот град Рошток, каде што канцеларката Ангела Меркел се сретна со млади лица до 17-годишна возраст со кои разговараше за политиките на Европската унија кон бегалците, ѝ се обрати 14-годината Палестинка Реем Савил, и ѝ кажа дека на нејзиното семејство му се заканува депортација од Германија, доколку властите добијат да ѝ дадат азил.
„Навистина е тешко да се види како другите може да уживаат во животот, а вие не може да уживате со нив“, рече тогаш Реем на течен германски јазик и додаде дека најголемата желба ѝ е да студира на германски факултет.
„Политиката понекогаш е свирепа. Ти си извонредно мила личност, но знаеш дека во палестинските бегалски логори во Либан има илјадници и илјадници.. Сега да кажеме ‘Сите можете да дојдете… Ние тоа едноставно не го можеме“, рече гермнаската канцеалрка.
На овие зборови Реем се расплака, Меркел ѝ пријде милувајќи ја по главата и рече „Но тоа извонредно го изведе“, а на тоа водителот на дебатата реплицираше дека младата Палестинка не сакала „тоа добро да го изведе“, туку да каже дела ѝ е тешко во животот.
„Знаме дека е тешко. Затоа и сакам да ја утешам. Не сака да ве доведеме во ваква ситуација. Тоа е тешко, а и на другите им покажавте во каква ситуација може да се најдат, зарем не?“, возврати Меркел.
Политичките коментатори ја нападнаа канцеларката дека е бесчувствителна, дека ги потценува другите и дека нема сочувство. Други, пак, застанаа во одбрана на Меркел, тврдејќи дека е подобро да се биде искрен и прагматичен. Отколку да се даваат лажни ветувања.
Германскиот министер за интеграции Ајдан Озогуз изјави во петокот дека лично не е запознаен со ситуацијата во која се наоѓа палестинското девојче, но оти гледа дека девојчето течно го зборува германскиот јазик и дека очигледно живее во земјата веќе неколку години.
„Токму поради тоа ги променивме законите, за добро интегрираните млади луѓе да може да добијат дозвола за престрој во согласност со новиот интеграциски закон кој стапи на сила во август 2014 година“, рече министерот Озогуз, пренесе весникот Der Spiegel во своето интернет издание.
Портпаролот на градоначалникот на Рошток, за дневниот весник Tagesspiegel изјави, пак, дека градските власти немале намера да ја протераат Реем и нејзиното семејство./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.
„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.
За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.
„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.
Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.
Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.
Европа
(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка
Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.
На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.
Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.
Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.
Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.
„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.
Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.
„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.
Европа
Полските земјоделци повеќе нема да ја блокираат границата со Украина
Полските фармери го откажаа протестот на последниот блокиран граничен премин со Украина, објавија Киев и Варшава, ставајќи крај на повеќемесечната криза која ги наруши билатералните односи меѓу двете земји.
Украинскиот министер за земјоделство ја поздрави „конструктивната работа“ на Полска за укинување на блокадата, наведувајќи во соопштението дека преговорите со Варшава и индустриските здруженија не биле лесни, но „главната работа е што резултатот е постигнат“.
„За среќа, сите правци на границата со Полска се деблокирани“, изјави портпаролот на украинската гранична полиција Андриј Демченко, додавајќи дека полските фармери го ослободиле пристапот до преминот Рава-Руска.
Камиони утринава почнаа да ја минуваат границата во двата правци, рече тој.
Портпаролот на полската гранична полиција Анджеј Јузвијак изјави за Ројтерс дека Украина може да се премине „непречено“ на сите премини.
Полските земјоделци и камионџии ги блокираа граничните премини со Украина од крајот на есента минатата година во знак на протест против нелојалната конкуренција.
Како главна причина тие ја наведоа пасивноста на владата кон губење на работни места поради странските конкуренти од почетокот на војната во Украина, бидејќи камионџиите од Украина беа ослободени од обврската да имаат дозвола за преминување на полската граница.