Европа
Двајца уапсени во Германија за подготвување насилство

Двајца мажи, за кои постојат сомневања дека се поврзани со терористичката џихадистичка организација Исламска држава и дека подготвувале „тежок насилен чин“, се приведени во четвртокот во Германија, соопштија од полицијата и државното обвинителство, коешто сепак наведува дека нема „конкретни закани за населението“.
Станува збор за 46-годишен Ирачанец и 29-годишен Нигериец кои одржувале врски „со лица од списоците на организацијата Исламска држава“. „Ќе настојуваме да ги провериме до петокот, а потоа ќе бидат изведени пред судија и ќе ги ставиме во притвор или ќе ги пуштиме“, изјавил за AFP Томас Штејнкраус-Кох, портпарол на државното обвинителство во Минхен.
„Според сé судејќи, нема конкретна закана за населението“, се наведува пак во соопштението на полицијата на Баварија. Се додава дека двајцата осомничени биле приведени во четвртокот доцна попладнето во споменатата германска јужна покраина.
Дневниот весник Sueddeutsche Zeitung на својата интернет страница објави дека едниот осомничен е уапсен во Минхен, а другиот во Фуршенфелдбрук, во близина на баварската престолнина.
„Овие двајца се идентификувани како можни осомничени кои можат да сторат тежок насилен акт“, се истакнува во полициското соопштение. Имајќи предвид дека првичната истрага не овозможила „конкретното сомневање да се потврди или да се отфрли, иследниците одлучиле веднаш да ги приведат двете лица за да се отстрани секоја опасност“, се додава.
При претресот засега не е пронајден „никакво сомнителен предмет““, додава портпаролот на баварската полиција.,/крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Утре во Париз самит за Украина, Макрон и Зеленски се среќаваат вечерва

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе го прими својот украински колега Володимир Зеленски пред самитот на земјите кои се подготвени да помогнат во обезбедувањето евентуален мировен договор меѓу Украина и Русија.
Франција и Обединетото Кралство ја предводат иницијативата за формирање коалиција составена од земји што се подготвени да осигурат безбедносни гаранции во случај на прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
Концептот треба да биде финализиран на самитот во Париз утре.
Западните сојузници на Украина размислуваат за надгледување можна демилитаризирана зона на границата меѓу Русија и Украина, според информациите до кои дојде германската новинска агенција ДПА.
Ова првенствено би се постигнало од воздух и со користење технички средства, како што се сателити и беспилотни летала. Поморските единици ќе бидат распоредени и за следење на слободата на минување во Црното Море.
Според плановите, конвенционалните мировни сили би можеле да се мобилизираат во рамките на Обединетите нации и би биле составени исклучиво од војници од непристрасни трети земји.
Европските сили потоа би можеле да бидат стационирани на западната украинска граница и да понудат програми за обука за нивните украински партнери.
Главниот безбедносен гарант би биле Соединетите Американски Држави, нуклеарна суперсила.
Макрон ќе го прими Зеленски во 18 часот.
Европа
Шефот на ЦИА: Украинската војска со години е потценета

Украинските сили ќе се борат дури и со голи раце ако не добијат услови прифатливи за траен мир, изјави директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, за време на сослушувањето во американскиот Сенат.
„Сакам да кажам дека во однос на украинскиот отпор, украинскиот народ и украинската војска се потценети неколку години. Од разузнавачка гледна точка, убеден сум дека тие ќе се борат со голи раце ако треба, ако немаат услови кои се прифатливи за траен мир“, рече Ретклиф.
Оваа изјава доаѓа во време на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува за прекин на огнот и поширок мировен договор меѓу Русија и Украина. Ретклиф тврди дека Трамп се обидува да стави крај на војната под услови што ќе обезбедат траен мир. Тој додаде дека ЦИА презела чекори за поддршка на дипломатските напори на Трамп.
Во договорот постигнат со посредство на САД, Москва и Киев се согласија да забранат напади насочени кон енергетската инфраструктура во Украина и Русија. Покрај тоа, завојуваните страни се согласија да ја елиминираат употребата на сила и да спречат употреба на комерцијални бродови за воени цели во Црното Море.
САД и Украина првично поддржаа поширок 30-дневен прекин на огнот за време на разговорите во Џеда на 11 март, кој требаше да вклучи и прекин на копнените операции.
Европа
Загина руска воена репортерка, налетала на нагазна мина во регионот на Белгород

Воената репортерка на рускиот „Канал 1“, Ана Прокофјевa, настрада во регионот на Белгород, а снимателот Дмитриј Волков, кој ја придружувал, е повреден, јавува руската државна новинска агенција „Тасс“.
„Ана Прокофјева, воен дописник на ‘Канал 1’, загина додека ја вршеше својата професионална должност. Ова се случи во регионот Белгород на границата со Украина, каде што екипа на ‘Канал 1’ беше разнесена од непријателска мина. Снимателот Дмитри Волков, кој беше со Ана, е повреден“, изјави портпаролот на каналот.
Прокофјева имаше 35 години. Дипломирала новинарство на Универзитетот РУДН во Москва и течно зборувала шпански. Таа работеше за „Канал 1“ од 2023 година покривајќи ја зоната на специјалните воени операции.
Инаку, руските воени блогери пред два дена на „Телеграм“ објавија дека украинските сили влегле во селото Демидовка во Белгородската област.
„Населбата сега е под контрола на вооружените сили на Украина“, напиша воениот блогер Владимир Романов, познат како Романов Лајт, на „Телеграм“.