Црна хроника
Притвор за осомничените во „Шпион“
Истражен судија им одреди 30 – дневен притвор на 16 уапсени во акцијата „Шпион“ кои беа изведени пред суд, освен на еден кој ќе оди во домашен притвор поради лошата здравствена состојба.
Притвор во отсуство им е одреден и на тројцата осомничени за злосторничко здружување, шпионажа, уцена и измама кои се во бегство.
Во акцијата „Шпион“ кривична пријава им беше поднесена вкупно на 20 лица од кои тројца се во бегство.
Се товарат дека оддавале информации на странски безбедносни служби, главно на соседна земја. Освен со шпионажа се занимавале и со измами и уценувале јавни личности и лица од бизнис заедницата. Им земале пари и им се заканувале дека ќе објават компромитирачки материјали за нив на интернет портали.
Меѓу уапсените се шефот на кабинетот на собранискиот спикер, Маријан Маџовски, поранешниот директор на Агенцијата против перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, Александар Динески од УБК, а се трага по новинарот Зоран Божиновски сопственик на интернет весникот „Буревесник“./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.