Црна хроника
Делчевец и двајца струмичани пријавени за растурање дроги

Еден жител на селото Тработивиште, делчевско, и уште двајца струмичани се пријавени поради „производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти во понеделникот Министерството за внатрешни работи.
Еден жител на селото Тработивиште, делчевско, и уште двајца струмичани се пријавени поради „производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, соопшти во понеделникот Министерството за внатрешни работи.
Делчевската полиција ја поднела кривичната пријава против 21-годишниот К.К. од селото Тработивиште, делчевско, откако при извршен претрес во неговиот дом и помошните простории е пронајдено растение канабис сатива, а од преземени мерки е утврдено дека пријавениот во текот на 2014 година во неутврден временски период набавил семки „канабис сатива“ од лице. од Делчево, по што ги засадил во саксија.
Полицијата во Струмица, пак, поднесе кривична пријава против Х.Л. (20) и В.С.(21), двајцата од Струмица, исто така, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Според пријавата, првопријавениот во договор со второпријавениот во својата куќа заради продажба држел 11,86 грама марихуана, а кон крајот на септември вториот за сума од 400 денари му продал 3,54 грама марихуана на лице од селото Раборци./крај/мф/мм
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Oбдукција покажала дека скопјанец не починал поради сообраќајка како што стоело во извештајот

Полициски службеници од СВР Скопје утрото на 12 септември 2025 година, околу 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, забележале дека во извештајот за едно починато лице било заведено дека смртта настанала како последица од сообраќајна несреќа.
Во разговор со дежурниот болнички персонал било утврдено дека лицето, С.Б. (58) од Скопје, било донесено во болницата околу полноќ без знаци на живот. По повеќе од половина час обиди за реанимација, лекарите ја констатирале смртта.
Дополнително било посочено дека истиот маж, на 11 септември, се јавил на лекарски преглед, жалејќи се на болки кои ги поврзувал со претходна сообраќајна незгода.
Истражувањето на полицијата утврдило дека на 28 август 2025 година, С.Б. заедно со неговата сестра се возеле во такси кое се судрило со друго возило на улицата „Борис Трајковски“. Во несреќата лесно била повредена само жената која го управувала другото возило, додека останатите учесници, вклучувајќи го и С.Б., не пријавиле повреди.
По наредба на јавен обвинител била извршена обдукција на телото, при што било утврдено дека смртта не е поврзана со сообраќајната несреќа.
Црна хроника
Трагедија во Аеродром: На скопјанец му се слошило на скали, починал на лице место

Ноќта помеѓу петокот и саботата на 64-годишниот Б.В. од Скопје му се слошило додека се наоѓал на скалите во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, мажот паднал поради нагло влошување на здравствената состојба, а лекар од Итната медицинска помош по пристигнувањето на местото ја констатирал неговата смрт.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Топ
МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали.
Откако реагирал лицето побегнало и не успеало во намерата.
МВР го бара сторителот.