Црна хроника
Спречен обид за шверц на луксузен сребрен накит на скопскиот аеродром
Царинските службеници спречија шверц на луксузен сребрен накит на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Шверцерите сакале да скријат 1.600 парчиња рачно изработен луксузен сребрен накит, чијашто вредност на македонскиот пазар би можела да достигне и до 65 илјади евра.
Во понеделникот утрото околу 8.30 часот, на аеродромот од Истанбул со компанијата „Turkish airlines“, пристигнале четворица млади луѓе.
По пристигнувањето, царинските службеници забележале дека сите четворица не го испуштаат од вид нивниот колега кој се движел меѓу патниците и чекаат неприродно долго да си го подигнат багажот.
Во момент кога царинскиот службеник разговарал со друг патник, сите четворица брзо се упатиле кон излезот – зелен канал, каде што поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување.
Царинскиот службеник ги застанал четворицата, по што е пристапено кон детална контрола со рентген скенер. Изјавиле дека накитот требало да го предадат на лице од Гостивар, кој потоа го продава.
Набавната вредност на задржаниот накит изнесува околу 32 илјади евра, но на домашниот пазар вредноста би достигнала двојно повеќе.
Против прекршителите е поведена прекршочна постапка, а накитот е привремено одземен./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

