Македонија
Џафери потврди дека законот е повлечен, ќе следува нова седница со нов текст за ЈО

Собранието само што почна да расправа, ја затвори седницата кога претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека Владата ги повлекла законите за Јавното обвинителство и за Советот за јавните обвинители. Дописот до Собранието стигнал на неколку минути пред почетокот на седницата.
„Констатирам дека седницата тука се затвора, предлагачот ги повлече законите“, информира Џафери.
Координаторот на опозициската пратеничка група, Никола Мицевски, претходно рече дека се прекршени процедурите и дека не можело да се повлекуваат закони што не биле ставени на владина седница, која сè уште трае.
„Нè држите тука цел ден, тотално ја игнорирате опозицијата за сега да имаме допис што не потпишан од премиерот и како овие закони се повлечени кога не биле на дневен ред на владината седница. Зошто ние воопшто сме на оваа седница и што треба да гласаме, по кој дневен ред. Ако носите закон со европско знаменце без опозицијата, без експерти, без согласност на пратениците, тоа е терор и пазар. Нема да го дозволиме тоа. Бараме еден час пауза“, рече Мицевски.
Во салата стана тензично кога спикерот Џафери се обиде да им објасни зошто ја затвора седница. Пратениците од опозицијата чукаа на масите и извикуваа „пауза, пауза“… Џафери ја прекина седница и закажа нова 135. седница за речиси еден час, на која ќе бидат ставени двата закона за Јавното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.