Uncategorized
Отворен е дневен центар за лица со церебрална парализа во ООУ „Киро Глигоров“
Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ заедно со вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска , дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ и директорката на училиштето го пуштија во употреба новиот центар за лица со церебрална парлиза, кој се наоѓа во рамки на центарското основно училиште „Киро Глигоров“.

Центарот претставува прв инклузивен центар за вакви лица кој се протега на површина од 305 м2 и истиот е опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за потребите на лицата со церебрална парализа, кујна по хасап стандарди, рампи за пристап до ботаничката градина и спортските терени во училиштето, клинео плафони, адаптибилно загревање и интерактивни табли.

„Станува збор за прво инклузивно училиште, како што беше најавено на самото отворање на ООУ ‘Киро Глигоров’. Изминатиов период, заедно со Министерството за труд и социјална политика напорно работевме и успеавме да го завршиме овој центар за лицата со церебрална парализа. Дневниот центар официјално ќе почне со работа за 15 дена а вкупниот капацитет на лица кои ќе членуваат во овој дневен центар ќе биде четириесет“ – изјави градоначалникот Богдановиќ.

„Во овој дневен центар децата ќе ја добијат целата поддршка согласно нивните индивидуални потреби, ќе имаат на располагање стручен кадар и како што можете да видите, центарот е опремен со најсовремени средства и дидактички материјали. Ова е голем чекор којшто ќе допринесе до она што е крајна цел во нашето општество, а тоа е, едно општество за сите и инклузија за сите деца со попреченост. “ -изјави дополнителната заменска министерка Шкријељ .

„Навистина е важно да се развиваат услуги на локално ниво со цел да ги поддржиме сите граѓани во заедницата кои имааат одредена потреба од поддршка на институциите. Кога зборуваме за сервисни услуги за граѓаните, директно зборуваме и за развој на економијата. Кога отворате услуга, во тој момент отворате и нови работни места. Додека, од друга страна овозможувате жените, кои се јавуваат во 50% од неактивното население во нашата земја, добиваат можност да бидат вработени. Затоа што улогата, се уште во нашата држава е дека за лицата со попреченост за возрасни лица и децата, се уште се грижат жените во семејството. Доколку се обезбедат услови како градинки, социјални сервиси, во тој момент се ослободува улогата на жената и таа се активира на пазарот на труд.“ – изјави вицепремиерката Царовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

