Контакт

Црна хроника

САД обвинија осум лица кои за неколку часа украдоа 45 милиони долари со кредитни картички

Објавено пред

Американските власти обвинија осум лица за користење податоци добиени со хакирање систем за обработка на трансакциите на платежните картички во меѓународна криминална операција којашто само за неколку часа им донела 45 милион американски долари.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите формирале глобална сајбер криминална организација чиј центар бил во Њујорк која украла податоци за дебитни картички од MasterCard од две арапски земји, соопшти американско министерство за правда.

Тие податоци ги употребиле за 40.500 трансакции од банкомати во 27 земји. Картичките ги издале National Bank of Ras Al-Khaimah PSC во Обединетите Арапски Емирати и Bank of Muscat во Оман, соопштија од обвинителството на САД.

Обвинителката Линч изјави дека нејзината канцеларија соработувала со органите на прогонот во 16 земји, вклучувајќи ги Јапонија, Канада, Германија и Романија, како дел од истрагата.

Властите соопштија дека уапсиле седум од осум обвинети и дека сите се државјани на САД, додека осмиот, според обвинителството, бил убиен на 27-ми април во Домениканската Република. Обвинителката Лорета Линч која ги покренала обвиненијата на прес-конференција изјави дека се` уште не е јасно дали неговото убиство е поврзано со овој случај.

Според изјавата од канцеларијата Линч, еден од осумте обвинети е идентификуван како Алберто Јуси Лаџуд-Пења, опишан во обвинението како лидер на групата, кој бил убиен во Доминиканската Република на 27-ми април. Другите седум лица биле уапсени во текот на шест седмици почнувајќи до 27-ми март и завршувајќи во вторникот.

Обвинителите соопштија и дека криминалните напади врз банкарските системи се случиле во два наврата, и тоа во декември 2012 година и во февруари 2013 година.

Хакерите си обезбедиле пристап до податоците на компаниите коишто ги обработуваат картичните трансакции, ги отстраниле ограничувањата за исплати и потоа организирале групи за извлекување на парите од банкоматите по светот со помош на украдените податоци, според обвинението.

Потоа „наплатувачите” ја „испрале” заработката, често купувајќи луксузни стоки, и дел им вратиле на водачите на организацијата.

Тие депонирале дел од кешот на банкарски сметки, во еден случај ставиле речиси 150 илјади долари во банкноти од по 20 долари на една сметка. Исто така, купувале скапи автомобили, часовници и други луксузни предмети.

Федералните американски власти соопштија дека заплениле банкарски сметки, стотици илјади долари во кеш, два извонредно скапи Rolex часовници и џип „мерцедес”, а треба да биде запленет и автомобил „порше”.

Во областа на Њујорк Сити, организацијата подигнала речиси 400 илјади долари за помалку од три часа, на 750 одделни банкомати на повеќе од 140 различни локации во Њујорк. Во друг случај во текот на десет часа на три илјади банкомати во поединечни трансакции собрале околу 2,4 милиони долaри.

Линч дополни дека е можно централата на глобалната операција да била надвор од САД, меѓутоа дека сегашните обвиненија се концентрирани само на њујоршката ќелија.

Обвинителката Линч ја опиша групата како „виртуелен криминален флеш, кој одел од банкомат до банкомат влечејќи големи суми пред овие сметки да бидат затворени”.

Од компанијата MasterCard во соопштението изјавија дека соработувале во истрагата и истакнаа дена нивните системи не биле зафатени или нарушени во кибернетичките напади.

Со овие суми, овој случај станува вториот најголем грабеж на банка во историјата на Њујорк, соопшти обвинителката Линч, по ткн „грабежот на Луфтханза” кога ограбувачите украле милиони во пари и во накит од меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди” во 1978 година според што беше снимен филмот „Goodfellas”.

Вкупниот грабеж на 45 милиони американски долари исто така не е и најголемиот банкарски грабеж, бидејќи во јули 2007 година беше објавено дека обезбедувањето од приватна банка во ирачката престолнина Багдад изнело најмалку 282 милиони американски долари коишто ги чувале во нејзините сефови.

„Обвинетите и нивните соучесници учествуваа во најголемиот грабеж на банка во XXI век што го рашириле на интернет и се протегал низ целиот свет. Наместо оружје и маски, оваа компјутерска криминална организација користела лаптоп компјутери и интернет”, рече Линч.

Обвинителите велат дека апсењата и кривичните пријави претставуваат победа на правосудните органи, меѓутоа „од друга страна иако ги идентификувавме некои од сторителите, се` уште нема пристап до повеќе од 40 милиони долари и никогаш нема се дојде до поголемиот дел од средствата”.

Компјутерскиот криминал стана проблем кој предизвика растечка загриженост во САД, особено бидејќи бројот на нападите со хакирање од странство постојано се зголемува. Дури и американската централна банка Federal Reserve (Fed) беше нападната од странство претходно во 2013 година.

Додека стануваат зачестени хакерските напади во кои се крадат лични податоци кои потоа може да се користат во шеми за кражба на идентитети, хакирањето за ограбување на банките и на компаниите за кредитни картички од страна на организираниот криминал, исто така, е се` поголем проблем. Во 2011 година, од банката Citigroup признаа дека повеќе од 2,7 милиони долари се украдени од 3.400 сметки за време на еден хакерски напад./крај/мф/сн

Црна хроника

(Видео) Уапсен скопјанец, при преглед кај него и престрес на дом пронајдени околу два килограми марихуана

Објавено пред

Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улицата „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана.

По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.

С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Почината жена пронајдена во куќа во Струга

Објавено пред

Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.

dobivaj vesti na viber

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче

Објавено пред

Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.

dobivaj vesti na viber

Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата кои земале плата а не оделе на работа, но и оние кои им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија46 минути

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура1 час

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија1 час

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Македонија2 часа

„Никој не сака да биде дел од компромитираната клика на Филипче, СДС е во целосен распад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е во целосен распад по дебаклот на локалните избори, а кадровските промени кои ги најавува Филипче пропаѓаат уште пред...

Македонија2 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет3 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет3 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа4 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден е на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет4 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет4 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија5 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија17 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ22 часа

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија22 часа

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија23 часа

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД за да се види до каде одела злоупотребата: Ќе одговараат сите, од прв до последен

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид, негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани...

Македонија1 ден

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија1 ден

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....