Црна хроника
Белгиската полиција ослободи 16 од 24 осомничени за големата кражба на дијаманти
Белгиската полиција во четвртокот ослободи 16 од 24-те приведени лица во Брисел под сомнение за големата кражба на дијаманти од бриселскиот меѓународен аеродром кон средината на февруари.
Како што пишуваат белгиските медиуми, претходно беше објавено дека се уапсени 31 лица во три земји под сомнение дека се вмешани во кражбата. Од нив, 24 беа приведени во Белгија, шест во Швајцарија и едно во Франција.
Дел од ограбените дијаманти биле пронајдени во Швајцарија. Покрај тоа, во Белгија се запленети пари за коишто се претпоставува дека потекнуваат од продажбата на украдените скапоцен и камења.
Според белгиските медиуми од 24-цата уапсени во Белгија, 16 се ослободени во четвртокот, додека за осум главниот истражен судија на Брисел, Жероен Берм одредила притвор. Тие ќе бидат изведени пред судот во почетокот на следната седмица.
Медиумите досега успеаја да го дознаат само идентитетот на еден од уапсените. Станува збор за 43-годишниот Французин Марк Бертолби кој имал богато криминално минато.
Осум криминалци во полициски униформи во две комбиња со трепкачки светла се појавија на 18-ти февруари на товарната зона на меѓународниот аеродром во белгиската престолнина Брисел каде што бил паркиран авионот на воздухопловната компанија „Swiss” во кој работници на компанијата „Brink’s” товареле пратка од необработени дијаманти наменета за Цирих.
Разбојниците вооружени со автоматско оружје, украдоа околу десет килограми од скапоцените камења во вредност од околу 37,5 милиони ера. За време на грабежот немаше настрадани и не беше истрелан ниеден куршум. Полицијата тогаш не можеше да влезе во трагата на крадците.
Во меѓувреме, американската компанија „Brink’s”, специјализирана за обезбедување на скапоцени транспорти, им исплати компензација на оштетените клиенти./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.